• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • Потпишан Меморандум со МВР за безбедноста на новинарите

    Потпишан Меморандум со МВР за безбедноста на новинарите

    • Категории Активности
    • Датум декември 29, 2017

    Здружението на новинарите на Македонија и Министерството за внатрешни работи денес потпишаа Меморандум за соработка, во кој централно место зафаќа зголемувањето на безбедноста на новинарите.

    Претседателот на ЗНМ Насер Селмани, рече дека Меморандумот демонстрира политичка волја од новиот министер за внатрешни работи за институционално да се решат проблемите на новинарите. „Основниот проблем на новинарите во изминатиот период беше нивната безбедност. Овој договор покажува спремност од двете страни за блиска соработка и да ставиме крај на политиката на неказнивост на насилство кон новинари“, нагласи Селмани. Тој додаде дека Меморандумот предвидува изготвување на протокол за известување од настани со висок ризик, кој ќе треба да овозможи на новинарите да ги следат овие настани без да се загрози нивната безбедност.

    „Голема важност на нашата идна соработка ќе дадеме на организирање заеднички обуки. Припадниците на полицијата ќе се обучат за важноста на улогата на медиумите во едно демократско општество, кое не може да функционира без  слободни и професионални медиуми. Предуслов за тоа е новинарите да се чувствуваат безбедни во нивната мисија, точно и навремено да ги информираат граѓаните“, рече Селмани.

    Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, истакна дека со овој Меморандум ќе се подобри соработката на МВР и ЗНМ и во иднина ќе се спроведуваат заеднички активности како што се обуки и заеднички кампањи.

    „Во минатото бевме сведоци на напади врз новинарите, нешто што не смее да се случува во една демократска земја. Министерството за внатрешни работи ќе направи се за медиумските работници да можат слободно и безбедно да си ја вршат својата работа. Медиумите се столбот на едно демократско општество и тие мора да имаат услови за слободно и безбедно да ја извршуваат својата работа“, истакна Спасовски.

    • Share:
    author avatar
    ЗНМ Македонија

    Претходен

    Јавна трибина на тема: „Утврдување на потребата за можни измени во Законот за медиуми“
    декември 29, 2017

    Следен

    Кадровски промени во Програмскиот совет на МРТ
    јануари 5, 2018

    Можеби ќе Ве интересира

    znm unesco
    Продолжен е рокот на повикот за пријавување за изработка на „Насоки за дефинирање на стратешките тужби против јавното учество (SLAPP) во локален контекст“, преку студија на случај и препораки за поголема правна сигурност на новинарите и медиумските работници во РСМ
    2 октомври, 2023
    384329181_301424832623475_6275885479243937636_n (1)
    ЗНМ: Дебата на новинари и претставници на МВР и ОЈО во врска со измените на Кривичниот закон
    27 септември, 2023
    slika za na sajt javen povik svedska znm undp
    ЈАВЕН ПОВИК за доставување понуди за изработка на програма за дводневна обука на новинари на тема „Справување со загадувањето на воздухот во РС Македонија“
    26 септември, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?