
Здружението на новинарите на Македонија во соработка со Здружението на граѓани за развој на демократија ИЕП и Институтот за мир, безбедност и истражување на политиките КОНИЦА во период од декември 2019 до декември 2020 година ќе го спроведуваат проектот „Градење отпорност против насилниот тероризам и екстремизмот преку зајакнати новинари, медиуми и владини претставници“. Главната цел на овој проект е да се зајакне капацитетот на медиумите и државните власти да комуницираат за насилниот екстремизам и тероризам на начин што ќе ја намалува заканата од истиот. Делот од буџетот на ЗНМ за спроведување на овој проект изнесува 34,098 ЕУР.
Приоритети на овој проект се едукација на идните новинари, медиумски работници, професионални новинари, уредници и радиодифузери. Решавање на тековниот предизвик за известување за насилниот екстремизам и тероризам кој во најголем број случаи не успева соодветно да го испита радикалниот наратив, а во најлош случај, помага на нивните цели.