Попуст од 50 посто за додипломски и мастер студии во ФОН

Здружението на новинарите на Македонија и ФОН Универзитетот неделава потпишаа Меморандум за соработка, со кој на членовите на ЗНМ им се обезбедува 50 посто попуст од школарината за дипломски и мастер студии. Ваквата поволност членовите на ЗНМ ќе можат да ја искористат во наредните две години.
Меморандумот за соработка го потпишаа ректорот на ФОН Универзите Др. Нано Ружин и Заменик Претседателот на ЗНМ, Томислав Кежаровски.
Освен попустот за школарината, две страни ќе соработуваат и за организирање на заеднички обуки, семинари, конферецнии и работилници од заеднички интерес.
Меморандумот предвидува и можност за стипендирање на талентирани студенти во рамките на кампањата „Програма за нова генерација“. Исто така, студентите на Универзитетот ќе можат да спроведат пракса или волонтирање во ЗНМ.
28.09.2016