Отворен повик за новинарски стипендии во САД

Отворен е повик за новинарски стипендии за млади новинари од Р. Македонија. Седум новинари со најмалку 3 годишно работно искуство, ќе имаат прилика да поминат десет недели во Соединетите Американски Држави.
Стипендијата предвидува 3 неделна обука на престижниот универзитет за новинарство во Мисури, а потоа 6 неделна пракса во најголемите медиуми во САД.
Обуката ги подготвува новинарите, уредниците и продуцентите да практикуваат професионално, етичко и иновативно новинарство во своите редакции.
Крајниот рок за аплицирање е 5 јануари, 2018 година, а можат да аплицираат новинари од 25 до 35 годишна возраст кои имаат добро познавање на англискиот јазик.
Овие стипендии се овозможени од Alfred Friendly Press Partners и Американската амбасада во Скопје, а ЗНМ помага во промоција на овој повик со цел истиот да биде дистрибуиран до сите новинари во Македонија.
Повеќе детали во врска со аплицирањето можете да најдете на следниот линк.