Отворен повик за наградата д-р Ерхард Бусек

Повик за наградата д-р Ерхард Бусек
Медиумската организација за Југоисточна Европа (СЕЕМО) повикува на номинации за наградата д-р Ерхард Бусек-СЕЕМО за подобро разбирање во Јужна, Источна и Централна Европа во 2017 година.
За наградата можат да бидат номинирани новинари, уредници, медиумски директори, медиумски експерти, писатели или обучувачи за новинарство од Јужна, Источна и Централна Европа, кои придонеле за промовирање на подобро разбирање во регионот и работеле на ставање крај на проблемите поврзани со малцинствата, етничките поделби, расизмот, ксенофобијата, половата дискриминација, хомофобија итн.
Победникот ќе биде награден со 3.000 евра, а крајниот рок за пријавување е 20 септември 2017 година. За сите детали поврзани со аплицирањето кликнете на следниот ЛИНК.