Отворен повик на European Press Prize за новинарски награди

European Press Prize отвори повик за доделување награди за најдобрите новинарски стории, а главната награда изнесува 10.000 евра. Право на аплицирање имаат новинари од Европа, како и сите новинари од Република Македонија. Последен рок за аплицирање е 15 декември, 2017 година.
За оваа награда можете да аплицирате со: стории од истражувачко новинарство и иновации, колумни (вклучувајќи и илустрации) како и квалитетни репортерски стории. Вашите апликации треба да ги поднесете на следниов линк. Исто така, можете да аплицирате со повеќе од една сторија.
European Press Prize започна да се доделува во 2012 година и се стреми да го промовира квалитетното новинарство во цела Европа. Минатогодишните победници на European Press Prize и нивните стории можете да ги погледнете на следниот линк.
Здружението на новинарите на Македонија ги охрабрува своите членови и новинари да аплицираат за оваа престижна новинарска награда.