Одговор на претставка поднесена од новинарката Кети Гетева

Советот на честа заклучи дека има основ да се разгледа претставката поднесена од Кети Гетева од ТВ Алфа во која таа реагира на наслов на текст објавен во “Народен Глас“ – “Како куртонката Кети Гетева води ТВ дебата на ТВ Алфа куртон Васе хефталица приказује?!?!?
Советот на честа оцени дека со ваквиот наслов се прекршени професионалните и етичките принципи на Кодексот на новинарите на Македонија, посебно наведени во точките 7,10,15 и 16. Советот цени дека порталот на истото место каде што е објавена недоличната и непрофесионална квалификација за колешката Кети Гетева од ТВ Алфа јавно треба да објави извинување.
Потсетуваме дека клеветата и навредата не спаѓаат во слобода на изразување, a новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката. Неспојливо со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста.