Одговор на претставка поднесена од Деница Бојаровска

Советот на честа при Здружението на новинарите на Македонија ја разгледа претставката која беше доставена од Деница Бојаровска за насловната страна на дневниот весник „Слободен печат“. Претставката се однесуваше на тоа дека на насловната страна на весникот и во текстот е користен говор на омраза, навреда и дискриминациски говор кон скитниците.
Оваа претставка беше разгледана и Советот на честа одлучи дека посочените слики се преземени од социјалните мрежи, а со тоа не е прекршен ниту еден член од новинарскиот кодекс. Децата на јавните личности се исто така дел од јавниот живот, а тоа особено важи кога се работи за полнолетни личности. Инаку, новинарскиот кодекс забранува каква било злоупотреба на деца во какви било цели, што не е случај во овој напис. Понатаму, самиот текст сугерира дека во јавниот дискурс и на социјалните мрежи не треба да се навредува посочената личност на база на неговиот изглед.