Одговор на претставка поднесена од адвокат Игор Марковски, во име на д-р Емил Угриновски, директор и сопственик на ПЗУ Неуромедика Скопје, за неколку текстови објавени на Порталот „ДоказМ“

Советот на честа при ЗНМ, на седницата одржана на 17.04.2018 година ја разгледуваше претставката поднесена преку адвокат Игор Марковски за д-р Емил Угриновски директор и сопственик на ПЗУ Неуромедика Скопје.
Советот не може да решава по претставката се додека нема јасен став од подносителот, дали за овој случај има намера да поведе судска постапка.
Ве известуваме дека Советот на честа има заземено став да не ги разгледува претставките од граѓаните кои имаат намера да водат паралелна постапка – и пред нашето тело и во судовите. Идејата на саморегулацијата е да изрече морални санкции за новинарите кои ги прекршуваат етичките начела на Кодексот, а не истите да се искористат како аргумент преку судска постапка да се издејствува компензација за нематеријална штета.