Одговор на претставка доставена од Министерството за здравство

Советот на честа при Здружението на новинарите на Македонија ја разгледа претставката која ја достави Министерството за здравство за серија текстови кои новинарката Менче Атанасова-Точи ги објавила во порталот NovaTv.mk и не најде прекршување на новинарскиот кодекс при известувањето за работата на ова Министерство. Советот смета дека изнесените податоци од страна на новинарката се поткрепени со изјави од повеќе конкретни или неименувани извори, но сепак доколку во Министерството за здравство сметаат дека новинарот објавил дезинформации и лажни вести, тогаш според истиот Кодекс, имаат право да побараат објавување на демант. Советот на честа ја поздравува одлуката на Министерството за здравство да се послужи со поднесување на претставка во телата за саморегулација како правилен начин за решавање на недоразбирањата на релација институција-новинар.