Одговор на Претставка добиена од Демократската унија за интеграција за изјави на новинарот и претседател на ЗНМ – Насер Селмани

Советот на честа на Здружението на новинари на Македонија, на седница одржана на 17.04,2018 година, ја разгледа Вашата претставка во врска со неетичко постапување на новинарот Насер Селмани.
По проверката на фактите, Советот утврди дека објавените текстови не се новинарски труд на Селмани, туку се лични ставови објавени на неговиот личен Фејсбук профил.
Автор на овие текстови не е новинарот Селмани, туку новинарите што ги пренесуваат неговите ставови, кои најчесто од нејасни причини се погрешно интерпретирани.
Оттаму сметаме дека Советот на честа не може да навлегува во содржината на посочените текстови, кои не се пишувани од Селмани.
Според Статутот на ЗНМ, Советот на честа ги оценува авторските дела на новинари објавени во медиумите.