• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • Обука за безбедноста и етиката на фоторепортерите

    Обука за безбедноста и етиката на фоторепортерите

    • Категории Активности
    • Датум октомври 25, 2016

    Здружението на новинарите на Македонија во петокот организираше еднодневна обука за фоторепортери на тема „Безбедноста на фоторепортерите и професионалната етика“, на која учествуваа околу дваесетина најискусни фоторепортери од Скопје.

    Фоторепортерот Роберт Атанасовски на почетокот на обуката го претстави прирачникот за следење на настани од висок ризик изготвен од американскиот фотограф Мет Лутон, во кој се претставени меѓународни стандарди и процедури што се применуваат кога фоторепортери известуваат од настани со висок ризик. Атанасовски ги објасни условите за безбедно сликање што треба да се исполнат пред уредникот да го упати фоторепортерот на задача. Освен тоа, тој ги претстави и основните етички стандарди на фоторепортерите кои треба да ги почитуваат во текот на работата.

    Фоторепортерот Томислав Георгиев, преку конкретни слики на колегите им илустрираше ситуации кога фоторепортерите поради лошата проценка, биле изложени на ризици. Според него, за да се избегнат непријатните ситуации, фотографот треба да  биде добро информиран за настанот што го слика и да има лични контакти со локални актери.

    Во текот на дискусијата, колегите ја поздравија иницијативата на ЗНМ да изготви прирачник за безбедноста на фоторепортери и побараа тој да биде изменет и надополнет во согласност со македонските прилики. Тие се пожалија дека речиси секојдневно се попречени во извршувањето на нивните  професионални обврски.  Беше побарана ЗНМ да иницира средба со претставници на Министерството за внатрешни работи, каде ќе се разговара за обезбедување на нормални услови за непречена работа на фоторепортерите кога покриваат настани или протести.

    Според нив, во прирачникот треба да се вградат сите законски права и обврски на фоторепортерите кога се на работна задача, со цел да знаат точно што смеат, а што не смеат да сликаат.

    Инаку, прирачникот за безбедноста и етиката на фоторепортери американскиот колега Лутон го изготви за потребите на македонските колеги во рамки на прoект на ЗНМ во соработка со Амбасадата на САД во Скопје. По консултациите со колегите планирано е пред изборите прирачникот да се издаде и да се дистрибуира до медиумите.

    Освен тоа, колегите ја поддржа идејата да се зачленуваат во ЗНМ и да формираат секција во рамките на Здружението. Со тоа ќе зајакне солидарноста меѓу колегите и полесно ќе можеме да со соочиме со заедничките проблеми.

    Овој проект е поддржан од Американската амбасада во Скопје.

    25 октомври 2016 година, Скопје

    • Share:
    author avatar
    ЗНМ Македонија

    Претходен

    ЗНМ додели 3 гранта за граѓански организации
    октомври 25, 2016

    Следен

    Пешевски или да даде оставка или да го разрешат!
    октомври 31, 2016

    Можеби ќе Ве интересира

    3
    Работилница за безбедност на новинарите и снимателите во соработка со МВР и ОЈО
    28 мај, 2023
    5
    Реализирана тродневна работилница за изработка на новиот стратешки план на ЗНМ
    8 мај, 2023
    slika krvodaritelstvo
    Хуманитарен настан по повод 3-ти мај, Светскиот ден на слободата на медиуми во организација на ССНМ и ЗНМ
    3 мај, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?