• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • Објавен повикот за предлози за “Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан”

    Објавен повикот за предлози за “Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан”

    • Категории Активности
    • Датум август 1, 2017

    Граѓанските организации од Босна и Херцеговина, Република Македонија, Косово, Црна Гора и Србија кои се фокусирaни на заштита и промоција на човековите права, во соработка со новинари, нивните здруженија, мрежи, медиумски организации и новинарските синдикати се покануваат да аплицираат за финансиска поддршка обезбедена со програмата за мали грантови „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан“.

    Целта на програмата за мали грантови е да се засили застапувањето од страна на локалните, националните и регионалните граѓански актери во соработка со новинари и медиумски организации и да се постават темите за слободата на медиумите и безбедноста на новинарите во фокусот во регионот на Западен Балкан – или поточно во Босна и Херцеговина, Република Македонија, Косово, Црна Гора и Србија. Програмата за мали грантови ќе ги поддржи локалните и регионалните иницијативи, кои вклучуваат активисти за човекови права, новинари и медиуми, кои имаат за цел да ги заштитат слободата на говорот и слободата на медиумите. Главната цел е да се истражат најважните прашања – или повреди на правата на новинарите или притисокот врз активистите на еден посеопфатен начин.

    Повикот има два приоритети: (1) да ги поддржи проектите кои ефективно ги напаѓаат проблемите и пречките со кои се соочуваат новинарите кои се наоѓаат под различни форми на притисок и (2) да се поддржат проекти кои се фокусирани на активистите за човекови права чија слобода на говор е загрозена.

    Вкупната вредност на програмата за помали грантови изнесува 267,000 евра, кои ќе бидат распределени на 15 организации (5 поголеми регионални проекти и 10 помали национални проекти). Временската рамка за имплементација на поддржаните проекти ќе биде од 01 Октомври, 2017 година до 31 август, 2018 година. 

    Повикот за предлози ќе биде организиран во две групи:

    • Прва група – Регионални акции, кои се очекува да вклучат учесници од најмалку 3 од севкупно 5 држави од Западен Балкан. Просечната големина на грантовите изнесува 30 000 – 40 000 ЕВРА со кофинансирање од најмалку 10%. Индикативно, севкупно 5 грантови ќе бидат доделени на најдобрите апликации.
    • Втора група – Национални акции, кои се очекува да вклучат учесници од својата држава. Просечната големина на овие грантови се движи од 5 000 – 10 000 ЕВРА со кофинансирање од 10%. Индикативно, севкупно 10 грантови ќе бидат доделени на најдобрите апликации.

    Програмата за помали грантови е дел од поголем проект Регионална платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите, кој е имплементиран од Хрватското здружение на новинарите (CJA)  во соработка со пет организации од Западен Балкан меѓу кои: Независното здружение на на новинарите од Србија (IJAS), Здружението на новинарите во Босна и Херцеговина (BHJ), Здружението на новинарите во Косово (AJK), Здружението на новинарите во Македонија (AJM)  и Медиумскиот синдикат на Црна Гора (TUMM). Проектот е поддржан од Европската Комисија (ИПА) со кофинансирање од Хрватската Владина Канцеларија за Соработка со НВО.

    Сите апликации треба да бидат подготвени и доставени на англиски јазик.

    Апликациите МОРА да бидат испратени на мејл: mediafreedom.smallgrants@solidarna.hr најдоцна до 31 Август, 2017 до 23:59:59ч ЦЕВ.

    Апликацијата треба да биде доставена по мејл од страна на главниот апликант и мора да ги содржи следните три документи:

    1. Application form
    2. Project budget
    3. Регистрациски акт само за главниот апликант, на оригиналниот јазик (скенирана верзија).

    Во прилог можете да го погледнете Упатството за аплицирањетука.

    Прашања за пропозициите на Повикот за Преглози може да бидат испратени на англиски јазик на мејлот mediafreedom.smallgrants@solidarna.hr во периодот од 25 Јули – 10 Август, 2017. Сите прашања и одговори како и други важни информации за апликантите ќе бидат објавени на официјалниот вебсајт на проектот http://safejournalists.net најдоцна 11 дена пред последниот рок за аплицирање (20 август).

    • Share:
    author avatar
    ЗНМ Македонија

    Претходен

    ЗНМ со иницијатива за помош на печатените медиуми
    август 1, 2017

    Следен

    Грантови за новинари за прекугранични истражувања
    август 7, 2017

    Можеби ќе Ве интересира

    3
    Работилница за безбедност на новинарите и снимателите во соработка со МВР и ОЈО
    28 мај, 2023
    5
    Реализирана тродневна работилница за изработка на новиот стратешки план на ЗНМ
    8 мај, 2023
    slika krvodaritelstvo
    Хуманитарен настан по повод 3-ти мај, Светскиот ден на слободата на медиуми во организација на ССНМ и ЗНМ
    3 мај, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?