• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • Новинарскиот форум: Партиите да ги објават понудите за медиумски реформи

    Новинарскиот форум: Партиите да ги објават понудите за медиумски реформи

    • Категории Активности
    • Датум ноември 2, 2016

    Здружението на новинарите на Македонија до почетокот на изборната кампања треба да организира јавна дебата со потписниците на Пржинскиот договор, на која четирите политички партии на јавна сцена ќе ја презентираат изборната понуда за медиумски реформи. Ова е една од заклучоците од расправата на Новинарскиот форум, која се одржа минатата недела во Скопје.

    Новинарот Александар Чомовски рече дека политичките партии имаат обврска пред изборите на граѓаните да кажат какви промени ветуваат за медиумите. Освен тоа, Форумот му препорача на Здружението да упати повик до новинарите да ги почитуваат професионални стандарди на Кодексот на новинарите во нивното известување за време на изборната кампања.

    На почетокот на расправата претседателот на ЗНМ, Насер Селмани пред членовите на Форумот даде краток осврт на последните случувања во медиумската сфера, фокусирајќи се посебно на појавата на неказнување на насилството против новинарите и на последните измени на медиумското законодавство, од кои ЗНМ се огради. Селмани рече дека ЗНМ одби да учествува во формирањето на привременото тело за следење на известувањето на медиумите сто дена пред изборите затоа што не сакаше да ги легитимира ваквите партиски решенија, кои нема да предизвикаат никакви позитивни промени во работата на медиумите, туку само ќе создадат лажна надеж во јавноста дека такво нешто се случува.  Во врска со нападите против новинари, Селмани рече дека нема никаков сомнеж дека тие се поттикнати од структурите на власта, која се обидува да ги заплаши новинарите со цел да ги одврати од намерата да ги критикуваат злоупотребите на власта.

    Новинарот Мирче Адамчевски го поддржа ставот на ЗНМ да го отфрли како политичка фарса договорот на партиите за медиумите и се заложи и во иднина Здружението да се наметне како клучен фактор во изноаѓањето на решенијата за медиумите.

    Координаторот на Новинарскиот форум, Сашо Одрановски,  рече дека ЗНМ треба да се подготви за две сценарија за делување, првата во случај да се смени власта, и втората ако остане актуеланата власт, која не сака промени. „ЗНМ мора да има стратегија, без разлика на исходот на изборите. Издржавме притисоци од секаков вид неколку години и лошото е зад нас, но мора да сме подготвени“, посочи Ордановски.

    Во текот на дебатата присутните новинари расправаа и за состојбата во Македонската радиотелевизија и за решенијата што ги нуди ЗНМ за подобрување на состојбата.

    Ордановски смета дека ЗНМ мора да инсистира изборот на идните органи на јавниот сервис да биде транспарентен, а луѓето што ќе искажат амбиција да раководат со МРТ мора да бидат со кредибилитет, со конкретна програма, што ќе имаат обврска јавно да ја презентираат и да ја објаснат пред квалификуван аудиториум.

    Колегата Фатос Муслиу од МРТ рече дека состојбата во јавниот сервис се влошува и додаде дека притисокот врз новинарите по Пржинскиот договор место да се намали  уште повеќе се засили.

    Тодор Пендаров го поддржа предлогот на ЗНМ јавниот сервис да се финансира од буџетот затоа што наплатата на радиодифузната такса е под 50 посто, додека Јасмина Миронски рече дека МРТ ниту во најдобрите времиња не бил вистински јавен сервис на граѓаните.

    Соња Крамарска пак сметаше дека состојбата во македонските медиуми не може да се подобри со промена на закони, туку треба повеќе да се работи со меѓународните организации.

    Еден од заклучоците за кој практично се постигна консензус на состанокот беше тој, Здружението да го засили притисокот за суштински реформи, со кои драстично би се подобрил медиумскиот амбиент во земјава веднаш по изборите, без оглед на нивниот исход. На тој начин, идната македонска влада да биде принудена нив да ги стави во итните приоритети за реализација.

    • Share:
    author avatar
    ЗНМ Македонија

    Претходен

    Новинарските здруженија бараат ефикасна истрага за обидот за убиство на новинарот Саша Лековиќ
    ноември 2, 2016

    Следен

    ССНМ и ЗНМ со поддршка за новинарите на Утрински весник
    ноември 8, 2016

    Можеби ќе Ве интересира

    naslovna (3)
    ЗНМ и МВР со протокол за безбедност на новинарите на интернет
    22 март, 2023
    slika incident stip
    Пријава до МВР за попречување во работа на снимател од М Нет ТВ во Штип
    17 март, 2023
    333431799_211449381490161_4674541961277658950_n
    Новинарите и обвинителите дискутираа за можните начини за заштита на слободата на изразување
    16 март, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?