Нема новинарска етика во неслободни медиуми

Фондацијата Метаморфозис во среда, 31 јануари, во Скопје, организираше годишна конферецнија е-општество.мк во рамките на проектот Проверка на факти во медиуми, финансиран од УСАИД. На конферецијата се разговараше за медиумската писменост и беше презентиран Зборник на новинарски лекции.
На панелот посветен на промоцијата на етичко новинарство учествуваше и претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, кој имаше излагање посветено на новинарската слобода и етика.
Во продолжение го имате интегралниот текст на говорот на претседателот на ЗНМ.
Почиувани дами и господа, драги колеги
Благодарност до Метаморфозис за поканата да се обратам на овој ценет аудиториум.
Денеска како новинар сакам да во зборам за една дилема и еден парадокс во македонското новинарството.
Како новинар постојано ме прогонувало дилемата дали е можно да има професионално новинарство во неслободна земја, каде слободата на говорот е само мртво слово на хартија.
Јас не верувам дека може да има професионално новинарство, такво како што го знаеме во слободни земји, како што се старите членки на ЕУ и САД, во неслободни земји како што е Македонија и најголем дел од Балканските земји.
Да поверувате дека во неслободна земја можете да зборувате за новонарска слобода и етика, е исто како да верувате дека од песок можете да изградите облакодер.
Новинарската етика има смисла само во земја каде постојат слободни медиуми, а такви има само во вистински демократии. Само слободните луѓе можете да ги повикате на одговорност за нивната евентуална неодговорност.
Нема слободни медиуми таму каде нема вистиснки демократски инстититуции, демократски парламент, демократска влада, незавинсно судство.
Тоа новинарство што постои во неслободни земји тоа повеќе наликува на граѓански активизам и отпор кон режимот, отколку што е автентична мисија на новинарите во слободните земји.
Тие уште малку неосвоени медиуми преживуваат благодарение на новинарите кои упорно одбиваат да се откажат од нивната професија и на солидарноста на странските донатори. Замислете на што би личел македонскиот медиумски простор без медиумите што на еден или друг начин опстојуваат со помош на странски донатори?
Ако е точна констатацијата дека нема разговор за новинарска етика во неслободни медиуми тогаш логички се поставува прашањето, зошто ЗНМ го промовира системот на саморегулација во неслободни медиуми?
Инсистираме на тоа затоа што одбиваме волно да се откажуваме лесно од нашата слобода и не сакаме политиката и формално да ја обликува нашата професија.
Освен тоа, преку саморегулацијата сакаме да оставаме трага за идните генерации за најлошите времиња на македонското новинарство за да не дозволат тоа никогаш да им се повтори. Идните генерации мора да имаат јасна трага за напрапниците во македонското новинарство и за оние новинари кои се спротивставувале на обидите за инструментализација на медиумите за политички и бизнис интереси. И тие две цели мислам дека сме ги постигнале.
Пред нова година во ЗНМ ангажиравме двајца наши колеги да напишат публикација за етичкото известување на медиумите во европски земји и Македонија. Податоците за анализата во Македонија беа исцрпени од работата на Советот на честа на ЗНМ, посебно периодот од 2007 до 2010 година, кога се донесени најголем дел пресудите на Советот за прекршување на новинарската етика од новинари.
Анализата потврди дека деградицијата на новинарската професија е последица на деградацијата на демократскиот амбиент во Македонија. Во тие пресуди дадена е точна дијагноза за карактерот на прекршувањата на етичкиот кодекс од медиумите и за она што ни престојува, друго прашање е што никој сериозно не ги сватил тие предупредувања.
Советот уште во 2007 и 2008 година предупредуваше за појавата на користењето на медиумите за политичка пресметка, за појавата на пропагандата во медиумите, за говорот на омраза, за дискриминаторскиот говор во медиумите.
И сосема на крај, после се, сакам да верувам дека најлошото е зад нас, но тоа не значи дека создавањето на слободни и професионални медиуми ќе биде лесна работа.
Важно е дека имаме јасна диагноза за заробените медиуми, сме дале конкретна терапија како да ја вратиме вистинската улога на новинарите во едно слобдно општество, да информираат точно и навремено, да бараат отчетност од одговорните и да отварат дебата за важни прашања од јавен интерес. Дотогаш ќе мора да продолжиме да зборуваме со цел да не умре идејата за слобода на говор и слободни и професионални медиуми.
Ви благодарам на вниманието!