ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДИ ЗА ПРОФЕСИОНАЛНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СОСТОЈБАТА НА БЕГАЛЦИТЕ И ЛИЦАТА БЕЗ ДРЖАВЈАНСТВО ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА 2019 ГОДИНА

Здружението на новинарите на Македонија со соработка со Македонското здружение на млади правници и Високиот комесаријат за бегалци при Обединетите нации – УНХЦР распишуваат “Jавен повик за доделување на награди за професионално известување за состојбата на бегалците и лицата без државјанство во Република Северна Македонија за 2019 година”.
Поднесоците треба да припаѓаат во следниве категории:
- Напис или серија написи
- Емисија, прилог, краток документарец
- Фотографија
Прилозите треба да се фокусираат на искуството на бегалците, барателите на азил, потенцијалните баратели на азил и лицата без државјанство како и да имаат придонесено кон запознавање и подигнување на свеста на широката јавност на теми поврзани со нив.
Сите доставени поднесоци ќе бидат оценувани врз основа на следните критериуми:
- Претставува авторско новинарско остварување објавено во медиум во текот на 2019 година (од 01.01.2019 година до 31.12.2019 година)
- Содржи автентични приказни за искуството на бегалците, барателите на азил и лицата бездржавјанство
- Покажува чувствителност и почит кон бегалците и лицата бездржавјанство
- Избегнува сензационализам и стереотипизација
- Кандидатите се државјани на Република Северна Македонија
Поднесените прилози и фотографии ќе бидат оценувани од страна на Комисија составена од истакнати новинари, фоторепортери и медиумски експерти од ЗНМ, членови на Македонското здружение на млади правници и претставници oд Претставништвото на УНХЦР во Скопје, Република Северна Македонија. Комисијата ќе го оценува секој поднесок поединечно фокусирајќи се на тоа како е прикажана приказната на бегалците или на лицата без државјанството, дали содржи карактеристики на професионално известување.
Важно:
- Може да се конкурира со најмногу 3 прилога/написи/фотографии;
- Новинарските трудови изработени во 2019 година во рамки на проектот на МЗМП и УНХЦР не се квалификуваат за овие награди;
- Пишаните написи да бидат испратени во верзија PDF, со назначен датум на објавување;
- Видео материјалите да бидат испратени преку We Transfer, со назначен датум на објавување;
- Фотографиите да бидат во JPG формат, најмалку 2000 пиксели на подолгата страна и резолуција 300 dpi. За нив да се наведе во кој медиум и кога се објавени;
- Сите поднесоци да се испратат по електронска пошта, на contact@myla.org.mk, и во насловот да биде назначено името на конкурсот; или да се испратат преку пошта/достават до канцеларијата на Македонското здружение на млади правници на ул. Донбас бр.14/1-6, 1000, Скопје во затворен плик, а на пликот да биде назначено името на конкурсот;
- Повеќе информации во врска со Конкурсот и начинот на поднесување на прилозите може да се добијат на тел. 071/395-399 или на адресата otanceva@myla.org.mk .
На најдобро рангираните ќе им биде доделена по една награда, во некоја од трите категории, во вкупен износ од 120.000 денари, и тоа:
- награда во категорија „Напис или серија написи“ – 40 000 денари
- нагрда во категорија „Емисија, прилог, краток документарец“- 40 000 денари
- награда во категорија „Фотографија“ – 40 000 денари
Рокот за аплицирање е до 05.07.2020 година.
Наградените ќе бидат објавени најдоцна до/на 25.07.2020 година.