Безбедни медиумски работници за квалитетно новинарство во Северна Македонија

Проектот „Безбедни медиумски работници за квалитетно новинарство во Македонија“ (Safer Media Workers for Quality Journalism in North Macedonia) е 15-наесет месечен проект финансиран од Balkan Trust for Democracy во програмата за слобода на медиуми.

Проектот се спроведува низ партнерство помеѓу Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници.

Главната цел на овој проект е да се придонесе кон создавање на околина за суштинска партиципација на медиумските здруженија и синдикати како влијателни актери во општеството во поглед на напредокот на слободата на новинарите и нивната безбедност.

Специфичните цели на проектот е застапување и кревање на свесноста за потребата од подобрување на безбедноста и социо-економската состојба на новинарите и медиумските работници со фокус на родовата еднаквост, како предуслови за слободни и независни медиуми и демократски развој на општеството.

“Безбедни новинари во кризни ситуации”

Проектот „Безбедни новинари во кризни ситуации“ (Кeeping Journalists Safe in Situation of Crisis) е едногодишен проект финансиран од програмата на УНЕСКО –  “Global Media Defence Fund”.

Проектот се спроведува низ партнерство помеѓу Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници.

Активностите на овој проект се насочени кон овозможување побезбедни услови за работа на новинарите, отворање на специфични теми преку анализи поврзани со безбедноста на новинарите и нивната секојдневна работа под закани и/или напади, воспоставување на одржлив систем за мониторирање на нападите врз медиумските работници, како и овозможување на правна помош и заштита за новинарите и медиумските работници при различните типови на напади.

Improving the dialogue between journalists’ associations and parliaments in Western Balkans for stronger civil society sector

Регионалниот проект „Унапредување на дијалогот помеѓу новинарските здруженија и парламентите на Западен Балкан за посилен граѓански сектор“, спроведен од страна на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), во соработка со Здружението на независни новинари на Србија (НУНС), Синдикат за медиуми на Црна Гора (ТУММ) и Здружението на новинари од БХ (БХЈА), е поддржан во рамките на проектот „Заштита на граѓанскиот простор – Регионален центар за развој на граѓанското општество“, финансиран од страна на СИДА и спроведуван од страна на БЦСДН.

Проектот се стреми да го подобри институционалниот дијалог меѓу новинарите, ГО и националните парламенти за да се подигне свеста за непосредните промени што позитивно ќе се рефлектираат во процесот на евроинтеграција на земјите кандидати.

Општата цел на проектот е да придонесе кон создавање погодна околина за значајно учество на ГО како влијателни актери во општеството.

Специфична цел на проектот е да се подобри дијалогот помеѓу членовите на националните парламенти и НЗН на Западен Балкан, преку унапредување на состојбата со слободата на изразување, како основно човеково право и зајакнување на улогата на ГО.

За да ги постигнеме поставените цели, проектот е заснован врз две меѓусебно поврзани компоненти:

  1. Истражување и застапување
  2. Подигање на свеста

Проект ќе придонесе кон:

–  Обезбедување полесен пристап на пратениците, граѓанските организации и медиумските чинители од регионот до веродостојни информации за постојните недостатоци во законските решенија, и основа за понатамошно надградување, со што ќе обезбеди одржливост на процесот,

– Проширување на мрежата на Платформата на Западен Балкан со други заинтересирани граѓански организации кои работат на полето на владеење на правото и слободата на медиумите преку идентификување на можните точки на соработка,

– Подобрено знаењето и разбирањето на состојбите во регионот за слободата на изразување и активното граѓанство и

– Активно вклучување на партнерите на Платформата на Западен Балкан во создавањето поповолно опкружување и позначајно влијание во дијалогот држава-граѓанско општество.

Времетраењето на проектот е 10 месеци (01.01-31.10.2021)

Strengthening Media Freedom in North Macedonia

Проектот Зајакнување на слободата на медиумите во Северна Македонија, Босна и Херцеговина, и Србија е 3-годишен проект финансиран од програмата МАТРА за владеење на правото на холандското Министерство за надворешни работи.

Проектот ќе се спроведува како дел од конзорциум и истиот е развиен во соработка со локални партнерски организации односно три судски академии и три новинарски здруженија.

Главната цел на проектот е да придонесе кон создавање средина во која ќе  почитува слободата на медиумите и слободата на изразување ќе може да се оствари без страв и притисок. Ќе се фокусира на градење на капацитетите и на новинарите и на судскиот сектор со цел да се создаве на поефективен одговор на случаите на заплашување и закани.

Преку овие цели, проектот директно ќе придонесе кон зајакнување на слободата на медиумите и изградбата на капацитетот на судството.

Free Legal Aid to Journalists and Media in Western Balkan

Овој билатерален договор меѓу БХЈА и ЗНМ е воспоставен врз основа на партнерство меѓу четири здруженија на новинари од Западен Балкан, во рамките на спроведувањето на пилот-проектот “Free Legal Aid to Journalists and Media in Western Balkan” поддржан од FPU. Проектот е замислен да обезбеди правна помош и услуги, кои ќе вклучуваат организирање независно и професионално правно набудување за тековните случаи пред судот и обезбедување на правни совети за новинарите и медиумите. Исто така, како дел од проектот се спроведува застапување и правна одбрана на новинарите пред судовите во случаи на кривични дела или други случаи поврзани со кршење на правото на слобода на изразување во Северна Македонија.

JUFREX II

Главна цел на проектот е промовирање на слободата на изразување и слободата на медиумите во Северна Македонија во согласност со европските стандарди. Проектот се состои од три компоненти кои таргетираат различни групи корисници: I) Професионалци од областа на правото (судии, обвинители, претставници на полицијата, адвокати); ii) Регулаторниот орган за медиуми; iii) Медиумски работници (новинари, новинарски здруженија, саморегулаторно тело, студенти по право и новинарство и други медиумски организации, како и членови на парламентот). Тековниот проект се базира на постигнатите резултати и научените лекции за време на претходната регионална програма од ЕУ / СЕ (JUFREX – Зајакнување на судската експертиза за слободата на изразување и медиумите во Југоисточна Европа).

Овој проект е дел од “Horizontal Facility for the Western Balkans and Turkey II”, заедничка програма на ЕУ / СЕ спроведена од страна на Советот на Европа, чија цел е да им помогне на корисниците во регионот на Западен Балкан и Турција да се усогласат со стандардите на Советот на Европа како и законодавството на Европската унија во рамките на процесот на проширување.

ХЕДАЈА

Здружението на новинарите на Македонија во соработка со Здружението на граѓани за развој на демократија ИЕП и Институтот за мир, безбедност и истражување на политиките КОНИЦА во период од декември 2019 до декември 2020 година ќе го спроведуваат проектот „Градење отпорност против насилниот тероризам и екстремизмот преку зајакнати новинари, медиуми и владини претставници“. Главната цел на овој проект е да се зајакне капацитетот на медиумите и државните власти да комуницираат за насилниот екстремизам и тероризам на начин што ќе ја намалува заканата од истиот. Делот од буџетот на ЗНМ за спроведување на овој проект изнесува 34,098 ЕУР.

Приоритети на овој проект се едукација на идните новинари, медиумски работници, професионални новинари, уредници и радиодифузери. Решавање на тековниот предизвик за известување за насилниот екстремизам и тероризам кој во најголем број случаи не успева соодветно да го испита радикалниот наратив, а во најлош случај, помага на нивните цели.

СИГРИД РАУЗИНГ ТРАСТ

На Здружението на новинарите на Македонија му е доделен институционален грант од Сигрид Раузинг Траст (СРТ) во висина од 45.000 фунти и истиот е со време траење од 12 месеци, а започнува со имплементација во јуни 2019 година. Целта на грантот е да се помогне работата на ЗНМ во насока на исполнување на мисијата и визијата на ЗНМ како и на стратешките цели на Здружението предвидени во Статутот и во тригодишниот стратешки план.

Организацијата СРТ со седиште во Лондон, Велика Британија е основана во 1995 година и нуди поддршка и финансиска помош за заштита и промоција на човековите права на глобално ниво.

Целта на СРТ е да ги промовира вредностите и принципите на човековите права и слободи, еднаквоста и владеењето на правото и да ја зачува природата од понатамошнo уништување. Преку своите фондови тие поддржуваат застапување, креативност, истражување и стипендии за остварување на овие цели.

ЕВРОПСКА УНИЈА

Проектот Safejournalists.net (2020-2023) е продолжение на проектот “Регионална платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите“ (2016-2018) финансиски поддржан од Европската унија. Во неговото спроведување се вклучени новинарски здруженија од земјите од Западен Балкан (Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Хрватска и Северна Македонија).

Општата цел е да се придонесе за зајакнување на партиципативната демократија во земјите од Западен Балкан преку регионална соработка на професионални и одговорни граѓански здруженија и нивно активно вклучување во процесот на креирање на политики и следење на нивната имплементација.

Краткорочните специфични цели се да се придонесе за безбедноста на новинарите и медиумските слободи во земјите од Западен Балкан преку засилена улога на членките на Платформата на Западен Балкан како активни и одговорни независни актери во креирањето релевантни политики поддржани од граѓанскиот сектор.

Европска Унија

Здружението на новинарите на Македонија го лансираше проект “Мрежа на новинари за медиумските слободи во Македонија”, финансиран од ЕУ, во рамките на приоритетот на слободата на медиумите на Инструментот за претпристапна помош (ИПА).

Проектот има за цел да се развие мрежа на новинари на ЗНМ и да се подигне свеста за етичко известување, медиумската само-регулација и помогне за подобрување на националната пракса во согласност со принципите на ЕУ и стандардите на Совет на Европа.

Создавање на поволен амбиент за слободни медиуми и подобрување на заштитата на новинарството е главната цел на овој проект. Преку зајакнување на капацитетите на Здружението на новинари на Македонија и само-регулаторните тела имаме за цел да се зголеми ефикасноста и кредибилитетот во проценка на примери на непрофесионално и неетичко новинарство.

Исто така, проектот се стреми да се спроведе дијалог со владата, креаторите на политики, судството, медиумите и меѓународните актери за да се придонесе на усогласување на медиумското законодавство и пракса во согласност со европските стандарди.

Европската федерација на новинари (EFJ) како наш надворешен партнер има клучна улога во спроведувањето на овој проект, со дополнителни најмногу три суб-грантисти од цивилното општество на локално ниво. Проектот ќе трае до 2019 година.

Амбасада на Кралството Холандија во Северна Македонија

Во текот на 2019 година Здружението на новинарите на Македонија ќе го спроведува проектот „Безбедни новинари за кредибилни информации во Македонија“. Овој проект е поддржан од амбасадата на Кралството Холандија во Македонија и има за цел да се подобри нивото на безбедноста на новинарите во Македонија, да се подигне свесноста за важноста на професионалното новинарство како и да се мониторираат институциите кои се релевантни за медиумите и безбедноста на новинарите.

Во рамки на овој проект ќе бидат организирани обуки за новинари и припадници на полицијата, ќе бидат објавени две публикации и протоколи за новинарите, припадниците на полицијата и правосудството. Исто така, на крајот од годината ќе биде објавен и годишен извештај со индикатори за безбедноста на новинарите кои го опфаќаат и правното опкружување за работата на медиумите, како и социјалната состојба на новинарите и медиумските работници.

Делегацијата на ОБСЕ во Скопје

Здружението на новинарите на Македонија и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, на  28 март, 2018 година, потпишаа Меморандум за соработка, според кој предвидено е организирање на обуки и настани, кои имаат за цел да се подобри безбедноста на новинарите и да се подобри квалитетот на известувањето на новинарите. Меморандумот предвидува организирање шест обуки за новинари и припадници на полицијата, кои ќе бидат посветени на покривање на настани од висок ризик. Во рамките на овие активности ќе се објави и прирачник за безбедноста на новинарите, а со заеднички настан ќе се одбележи и 2-ри Ноември, Меѓународниот ден за борба против неказнивоста на насилството против новинари.

Соработката меѓу ЗНМ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје ќе продолжи и во текот на 2019 година. Во рамки на заедничките активности ќе бидат организирани обуки за новинари и претставници на полицијата, како и претставници од судовите и јавното обвинителство, a ќе бидат фокусирани на зголемување на безбедноста на новинарите во Македонија. Покрај тоа ќе бидат објавени два документи за политики. Исто така, ќе се работи во насока на создавање на стратешки план на Здружението кој ќе биде спроведуван од 2019 до 2023 година и ќе биде помогнат од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Civica MOBILITAS

Здружението на новинари на Македонија од март 2015 година е корисник на институционален грант во рамките на Цивика мобилитас, програма за поддршка на граѓанското општество која започна да се спроведува во октомври 2014 година и ќе трае до септември 2018 година.

Цивика мобилитас го поддржува граѓанското општество во промовирање општествени промени во (стратешки) области, како што се добро владеење, децентрализација и развој на граѓанското општество. Исто така, се поддржува граѓанското општество и во упатувањето на три „трансверзални теми“: родовите прашања, меѓуетничките односи и миграциите.

Програмата се состои од три компоненти: Поддршка, вмрежување, учење; финансиска поддршка (грантови); истражување и развој. Буџетот за оваа програма изнесува околу 8 милиони швајцарски франци.

Цивика мобилитас е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), кои го спроведуваат
NIRAS од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрација (SIPU)

Амбасада на Франција во Скопје

Здружението на новинарите на Македонија и Француската амбасада во Скопје на 08.06.2017 потпишаа договор за соработка со кој амбасадата финансиски ќе го поддржи изготвувањето на анализата на одлуката на судскиот процес Селмани и останатите против Република Македонија од Европскиот Суд за Човековите Права. По изготвувањето на оваа анализа ќе се оддржи семинарска обука на тема: „Спроведување на одлуката на ЕСЧП и имплементирање на позитивната судска практика во Македонија“ организирана од Здружението на новинари на Македонија. Целта на оваа соработка е создавање на платформа на која судии и новинари, одблизу, ќе можат да се запознаат со судската практика на ЕСЧП низ конкретната пресуда. Од овој семинар се очекува да се оствари подобра соработка меѓу нив, со што би се поттикнале транспарентноста, отчетноста и меѓусебната доверба.

Европска Унија

Здружението на новинарите на Македонија го лансираше проект “Мрежа на новинари за медиумските слободи во Македонија”, финансиран од ЕУ, во рамките на приоритетот на слободата на медиумите на Инструментот за претпристапна помош (ИПА).

Проектот има за цел да се развие мрежа на новинари на ЗНМ и да се подигне свеста за етичко известување, медиумската само-регулација и помогне за подобрување на националната пракса во согласност со принципите на ЕУ и стандардите на Совет на Европа.

Создавање на поволен амбиент за слободни медиуми и подобрување на заштитата на новинарството е главната цел на овој проект. Преку зајакнување на капацитетите на Здружението на новинари на Македонија и само-регулаторните тела имаме за цел да се зголеми ефикасноста и кредибилитетот во проценка на примери на непрофесионално и неетичко новинарство.

Исто така, проектот се стреми да се спроведе дијалог со владата, креаторите на политики, судството, медиумите и меѓународните актери за да се придонесе на усогласување на медиумското законодавство и пракса во согласност со европските стандарди.

Европската федерација на новинари (EFJ) како наш надворешен партнер има клучна улога во спроведувањето на овој проект, со дополнителни најмногу три суб-грантисти од цивилното општество на локално ниво. Проектот ќе трае до 2019 година.

Иницијатива за уредничка слобода: Нови политики и застапување засновано на податоци

Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје во партнерство со Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) од февруари 2017 година го спроведува проектот: Иницијатива за уредничка слобода: Нови политики и застапување засновано на податоци.  Главната цел на проектот е да ги процени ефектите на постоечките политики врз уредничката слобода кои произлегуваат од Законот за аудио и аудио-визуелни услуги и да покрене застапување засновано на податоци за нови предлози и решенија.

Една од специфичните цели на проектот е да спроведе сеопфатна анализа за влијаниата од постоечката регулатива спроведувана од регулаторното тело со фокус на ефектите врз слободата на изразување, особено уредничката слобода која е загрозена со прекумерната регулација во законот.
Проектот исто така ќе ја опфати потребата и недостатокот на ефективен дијалог помеѓу главните засегнати страни преку креирање на консултативни механизми за усвојување на предлозите и решенијата за политиките за прашањата поврзани со медиумската регулација и слободата на изразување. Ќе се спроведе и кампања како дел од процесот на застапување засновано на податоци која ќе има за цел да ги објасни и поттикне засегнтите страни и јавноста за потребата и релевантноста на предложените интервенции во политиките кои ќе призлезат од претходно спроведената анализа.
Дополнително проектот ќе овозможи јакнење на капацитетите на организациите и граѓанските иницијативи кои дејствуваат на полето на слободата на изразување во медиумите преку нивна обука за истражување ориентирано кон јавни политики и користење на податоци во процесот на застапување (застапување засновано на податоци).
Проектот се реализира како дел од програмата Civil Society Facility на IPA 2 (the Instrument For Pre-Accession Assistance) инструментот на Европската Унија за Македонија.

Европската федерација на новинари (EFJ) како наш надворешен партнер има клучна улога во спроведувањето на овој проект, со дополнителни најмногу три суб-грантисти од цивилното општество на локално ниво. Проектот ќе трае до 2019 година.

Промоција на фоторепортеството

Грантот е спроведен од страна на Здружението на новинарите на Македонија како поддршка во остварување на своите стратешки цели за зголемување на професионалните стандарди на новинарите во земјата.

Овој проект има за цел директно да вклучи најмалку 20 професионални фоторепортери, кои се подготвени да ги надградат своите знаења во заеднички процес на know-how во соработка со експерти од САД.

Проектот има за цел да ја вклучи и пошироката јавност.

Во Охрид беше оддржана обука за фотоновинаство со експерт од САД, и исто така во наредниот период се планира да има слични активности и во градот Скопје.