• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • Измени на Кривичниот законик за поголема заштита на новинарите и медиумските работници

    Измени на Кривичниот законик за поголема заштита на новинарите и медиумските работници

    • Категории Активности
    • Датум октомври 19, 2018

    Претставници на Здружението на новинарите на Македонија учествуваа на работната група за измени и дополнувања на Кривичниот законик, каде беа разгледани препораките на ЗНМ за измена на Кривичниот законик во делот на заштита на новинарите и медиумските работници при вршење на нивната професионална должност.

    Директорот на ЗНМ, Драган Секуловски побара воведување на нови кривични дела во Кривичниот законик како што се „Спречување на новинарите во извршувањето на професионалните задачи“ и „Напад врз новинарите во извршувањето на професионалните обврски“ односно дополнување на постојните членови во законот кои се однесуваат на закани и физички напад вклучувајќи и убиство.

    Со овие предлог измени, секое лице кое ќе се закани или ќе нападне новинар, медиумски работник или нивно блиско лице поради извршување на професионални новинарски задачи ќе добие поголема казна од страна на судот. Освен ова, за дел од овие повреди на права во иднина обвинителството ќе презема мерки по службена должност наместо праксата на приватни тужби од страна на новинарите како што е тоа во моментов. Целта на овие измени на Кривичниот законик е да се воспостави поефикасен систем на заштита на новинарите, а во исто време да се одвратат потенцијалните напаѓачи во иднина.

    Со предложените измени новинарските екипи ќе добијат зголемена заштита во извршувањето на професионалните обврски, нешто слично како и службените лица. Таквата заштита ќе биде во согласност со меѓународните и европските стандарди и практика на Европскиот суд за човекови права, а во нашиот локален контекст ваквата заштита е повеќе од потребна.

    Работната група за измени на Кривичниот законик е во рамки на Министерството за правда и е предводена од академик Владо Камбовски. Во идниот период се очекува да има дополнителни средби на кои ќе усогласат измените и дополнувањата на овој закон.

    • Share:
    author avatar
    ЗНМ Македонија

    Претходен

    Промовирана анализата „Влијанието на законот за авторското право и сродните права врз работата на новинарите, фоторепортерите и медиумските работници“
    октомври 19, 2018

    Следен

    Амбасадорот на ОБСЕ го посети ЗНМ
    октомври 25, 2018

    Можеби ќе Ве интересира

    IMG_20230131_141527
    Иницијатива за заштита на авторското право на професионалните фоторепортери
    1 февруари, 2023
    ZNM
    На иницијатива на ЗНМ, одржана втора средба во АВМУ на тема – зајакнување на дописничката мрежа на националните концесионери
    31 јануари, 2023
    znm ssnm press
    ЗНМ и ССНМ: Со скратен буџет МИА не може да функционира соодветно
    27 декември, 2022

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?