• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • Институциите треба да бидат потранспарентни и поодговорни

    Институциите треба да бидат потранспарентни и поодговорни

    • Категории Активности
    • Датум март 26, 2018

    Здружението на новинарите на Македонија во соработка со ОнЛимит Медиа денес организираа дебата на тема: „Предизвици на Владата и институциите во зголемување на транспарентноста пред медиумите и граѓаните“. На дебатата учествуваа министерот за транспарентност и отчетност Роберт Поповски, претседателот на ЗНМ Насер Селмани, како и истражувачкиот новинар Сашка Цветковска.

    Во своето обраќање Селмани рече дека е добро што Владата има декларативна заложба за да биде транспарентна и има преземено конкретни мерки со цел новинарите да имаат повеќе информации. Тој нагласи дека непочитување на правото на новинарите за слободен пристап до информации е кршење на слободата на изразувањето. „Се додека нема политичка одговорност, но и санкции за овие функционери кои не даваат информации, кои се побарани од страна на новинарите, не може да се смета дека имаме сериозна демократија“, истакна Селмани.

    Министерот Поповски рече дека Владата е целосно посветена за зголемување на транспарентноста и отчетноста кон јавноста и медиумите. „Транспарентноста и отвореноста кон јавноста значат одговорно владеење. Оваа и многу други дебати се активности во тој правец за тоа како можеме сите заедно да ја промениме културата на политичкото однесување во општеството, а ние сме посветени да го направиме тоа“, истакна тој.

    На дебатата се обрати и новинарката Сашка Цветковска, која ја пофали Владата дека го променила односот кон новинарите и медиумите, но нагласи дека одредени министри и функционери не одговараат брзо на барањата за информации. Според неа, проблемот кој останува е одговорноста или неодговорноста на институциите и на јавните функционери кога има јавен податок, кога тој ќе биде пренесен во медиумите и ќе биде евидентно сфатено дека има злоупотреба на службена должност и прекршување на одредени закони, а кога не се постапува од страна на институциите.

    • Share:
    author avatar
    ЗНМ Македонија

    Претходен

    Селмани се сретна со претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев
    март 26, 2018

    Следен

    Се бара еднаков третман на нападите врз новинарите и политичарите
    март 28, 2018

    Можеби ќе Ве интересира

    Совет на честа
    Одговор на претставка против Зоран Божиновски
    6 февруари, 2023
    ZNM
    ЗНМ со пријава до МВР за закани на социјални мрежи
    5 февруари, 2023
    IMG_20230131_141527
    Иницијатива за заштита на авторското право на професионалните фоторепортери
    1 февруари, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?