In Memoriam: Лирим Хајредини

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува искрено и длабоко сочувство до семејството, колегите, пријателите и сите кои го познаваа и соработуваа со Лирим Хајредини.
Хајредини повеќе од 16 години ја извршуваше функцијата оперативен директор на телевизијата Алсат, каде што остави значаен професионален белег и придонес во медиумскиот сектор.
Неговата професионалност, посветеност и придонес во медиумската заедница ќе останат запаметени.
