Хрватското новинарско здружение со честитка до новоизбраниот претседател на ЗНМ

Хрватското новинарско здружение (HND) го честиташе изборот на новиот претседател на Здружението на новинарите на Македонија – Младен Чадиковски. Во честитката порачуваат дека оваа задача не е лесна, бидејќи новинарството насекаде во светот е во незавидна ситуација, а работењето како новинар во денешни услови е навистина опасно. Особено во земјите кои се во развој како што се Хрватска и Македонија.
„Токму затоа Ви посакуваме успех во борбата за правото на јавноста да добива точни и навремени информации и правото на новинарите да можат да работат непречено и во безбедни услови“, се вели во писмото.
Целото писмо можете да го прочитате тука.