Францускиот амбасадор го посети ЗНМ

Францускиот амбасдор во Македонија, Кристијан Тимение, во четвртокот имаше средба со претставници на Здружението на новинарите.
Амбасадорот Тимоние рече дека со посебно внимание ја следи политичката криза во Македонија и очекува таа брзо да се надмине. Тој ирази подготвеност да ја продолжи соработката со ЗНМ за справување со предизвиците во сферата на медиумите.
Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани му се заблагодари на амбасадорот Тимоние за солидарноста со македонските новинари, кои во последно време се изложени на зачестени напади.
Селмани рече дека македонските медиуми се заложници на интересите на партиите на власт и на тајкуните. Имаме непрофесионални медиуми затоа што тие се неслободни, рече Селмани.
Тој потсети дека институциите имаат обврска да се грижат за безбедноста на новинарите и да ги казнат насилниците. Според него, државата мора да престане да се вмешува во финансирањето на медиумите и повеќе внимание да посвети на реформирањето на Македонската радиотелевизија.
ЗНМ
20 Март, 2017
Скопје