• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2026
      • Прес клипинг 2025
      • Прес клипинг 2024
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
    • In Memoriam
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Кошничка
Плати онлајн
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2026
        • Прес клипинг 2025
        • Прес клипинг 2024
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
      • In Memoriam
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • EK: Потребни се конкретни реформи за усогласување со европските стандарди за медиумска слобода и безбедност на новинарите

    EK: Потребни се конкретни реформи за усогласување со европските стандарди за медиумска слобода и безбедност на новинарите

    • Категории Активности
    • Датум ноември 6, 2025

    Годишниот извештај на Европската комисија за 2025 година повторно укажува на потребата од суштински напредок во областите на медиумската слобода, независноста на регулаторните тела и безбедноста на новинарите.

    И покрај забележаниот ограничен напредок, Европската комисија нотира дека законодавната рамка за медиуми сè уште не е целосно усогласена со европското законодавство, особено со Европскиот акт за медиумска слобода (EMFA). ЗНМ потсетува дека усогласувањето со EMFA е клучно за обезбедување транспарентност на сопственичката структура, независност на медиумските регулатори и јасни правила за распределба на државно финансирање и рекламирање во медиумите.

    Комисијата укажува и на постојани предизвици во заштитата на новинарите, вклучително и физички напади, закани и онлајн вознемирување, особено кон истражувачките новинари и новинарки. Во извештајот се нотира дека државните институции треба поефикасно да постапуваат по ваквите случаи, со цел сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата и да се зголеми довербата во институционалната заштита.

    Комисијата ја потенцира и потребата од донесување на закон против стратешки тужби против јавно учество (SLAPP) и зголемување на свеста кај судиите и обвинителите за овој феномен. ЗНМ веќе подолго време се залага за имплементација на ЕУ Анти-SLAPP директивата, што ќе овозможи поголема правна заштита на новинарите и медиумите од злоупотреби преку судски процеси.

    Исто така, Европската комисија бара јакнење на независноста и капацитетите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и реформа на јавниот сервис МРТ, со цел поголема институционална автономија, професионални стандарди и транспарентност.

    Потребно е надлежните институции да ги интензивираат реформите и да ја унапредат имплементацијата на европското медиумско законодавство, вклучувајќи го EMFA, Директивата за аудиовизуелни медиумски услуги и Анти-SLAPP препораките.

    Само преку овие мерки ќе се создадат услови за вистинска медиумска независност, безбедна работна средина и поголема одговорност на институциите кон слободата на изразување – како суштински дел од европските вредности.

    Повторно, извештајот на Европската комисија се повикува на наодите и статистиките на ЗНМ од Годишниот извештај  за медиумската слобода и безбедноста на новинарите, кој е јавно достапен на следниот линк.

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    Повик за доставување за објавен новинарски текст-видео сторија на тема: „Справување  со загадувањето на воздухот во РС Македонија“
    ноември 6, 2025

    Следен

    Одлука на Советот на честа на ЗНМ по претставките против новинарот Невриј Адеми
    ноември 14, 2025

    Можеби ќе Ве интересира

    2
    ЗНМ и АВМУ разговараа за актуелните состојби на медиумскиот пазар и транспарентноста на сопственоста
    8 октомври, 2026
    169 (86)
    Повик за учество на еднодневна обука на тема: „Етичко известување за процесот на ЕУ интеграции “
    7 октомври, 2026
    169 (85)
    ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКА ЗА НОВИ ТЕХНОЛОГИИ И ДИГИТАЛНА БЕЗБЕДНОСТ
    5 октомври, 2026

    Пребарувај

    Категории

    • In Memoriam
    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?