• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Соопштенија

    • Почетна
    • Новости
    • Соопштенија
    • ЕФЈ: потребни се итни медиумски реформи во Македонија пред избори

    ЕФЈ: потребни се итни медиумски реформи во Македонија пред избори

    • Категории Соопштенија
    • Датум февруари 29, 2016
    ЕФЈ: потребни се итни медиумски реформи во Македонија пред избори

    Во прилог е писмото на Европската федерација на новинари кое беше адресирано до Комесарот за проширување и соседска политика на ЕУ г.Јоханес Хан
    29 февруари 2016 година, Брисел

    Почитуван комесаре Хан,
    Во име на Европската федерација на новинари (EFJ), која претставува над 300.000 новинари од цела Европа, и нашите членки во Македонија, Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Синдикатот на македонските новинари и медиумски работници (ССНМ), Ви пишуваме со сериозна постојана загриженост за состојбата со слободата на медиумите во Македонија.
    Како што знаете, од 2015 година, Македонија се наоѓа во длабока политичка криза откако опозицијата го бојкотираше Парламентот и го објави скандалот со прислушувањето. Опозицијата во следните месеци обелодини серија телефонски разговори главно меѓу високи претставници на Владата, кои индицираат сериозни незаконски активности, злоупотреба на службената должност и корупција. Како дел од овој скандал како што тврдеше опозицијата е и тоа дека повеќе од 100 новинари биле нелегално прислушувани од државната тајна служба.
    Во јуни 2015 година, главните политички партии кои ја претставуваат владејачката коалиција и опозицијата под силно посредување од Вас (ЕУ), Европскиот парламент и САД, потпишаа договор за надминување на политичката криза во земјата. Главниот заклучок на овој договор беше дека треба да се организираат слободни предвремени парламентарни избори и да се преземат итни реформски мерки за што сите страни се согласија. Еден од итните приоритети од Договорот е реформата на медиумите и слободата на изразување во Македонија со цел да има слободни и кредибилни избори, како апсолутен предуслов за демократски избор.
    Заедно со нашите локални членки, ние сме сериозно загрижени дека ЕУ не е целосно конзистентна во своите изјави за реформите на медиумите. Од оваа недела, ЕУ престана да инсистира дека е потребно да се случат реформи за медиумите пред изборите кои се презакажани на 5-ти јуни.
    Ние сме убедени дека ако не го искористиме овој момент за спроведување на медиумските реформи, кога сите потписници се на преговарачка маса, ќе пропуштиме одлична можност да имаме сериозни промени кои сите ние ги чекаме толку долго, а се од клучно значење за Македонија и во регионот. Тешко е да се има фер избори кога главните медиумите се под директно влијание на владата.
    Ве повикуваме вас, драг комесаре, да извршите притисок врз владата дека реформите во медиумите во Македонија треба да се случат пред изборите, како што е наведено во “Договорот на Пржино”. Ова е единствениот начин да се ослободат медиумите од политичкото влијание на владата како предуслов за професионално известување за претстојните избори.
    Ви благодарам.
    Искрено ваш,
    Mogens Blicher Bjerregård

    Претседател на Европската федерација на новинари

    Во прилог е копија од оригиналното писмо на аглиски јазик

    EFJ: Media requires urgent reforms in Macedonia before elections

    Tag:soopstenija

    • Share:
    author avatar
    viktor644

    Претходен

    ЕУ и САД да кажат дали ќе има медиумски реформи пред избори
    февруари 29, 2016

    Следен

    УЈП веднаш да ја деблокира сметката на МРТ
    март 3, 2016

    Можеби ќе Ве интересира

    slika 2 vlada
    Почнува јавна дебата за креирање на Фонд за новинарски продукти: ЗНМ и европските новинарски организации на средба во Владата
    5 јуни, 2023
    знм сснм сем
    Срамна одлука на Апелациониот суд Скопје на штета на истражувачкото новинарство
    29 мај, 2023
    SafeJournalists-25.5.2023-1
    SafeJournalists: Валкана кампања против новинарите и уредниците на Новости и ТВ Вида во Хрватска
    25 мај, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?