• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • Доделени наградите за конкурсот: „Награда за професионално известување за состојбата на бегалците при мешаните миграциски движења за 2016 година во Македонија“

    Доделени наградите за конкурсот: „Награда за професионално известување за состојбата на бегалците при мешаните миграциски движења за 2016 година во Македонија“

    • Категории Активности
    • Датум јуни 17, 2017

    Здружението на новинари на Македонија и Македонското здружение на млади правници во соработка со Канцеларијата на високиот комесаријат за бегалци на Обединетите Нации во Скопје, ги доделија наградите за конкурсот за „Награда за професионално известување за состојбата на бегалците при мешаните миграциски движења за 2016 година во Македонија“.

    На настанот кој се одржа во Клубот на новинари се доделија награди за три категории: емисија, прилог или краток документарец, напис или серија написи како и категоријата за најдобра фотографија.

    Првото место за категоријата најдобра фотографија го понесе Роберт Атанасовски за фотографијата под наслов „Девојка со куфери“ објавена во Frans Press и на порталот МКД.

    Во категоријата напис или серија написи првото место и припадна на Марија Тасев за написот „Во моето убаво Алепо сега има само барут и смрт“ објавен во дневниот весник Дневник.

    Милка Смилевска беше добитничка на првото место во категоријата за емисија, прилог или краток документарец. Таа првото место го заработи со прилогот „Заглавени во меѓу зоната“ објавен на телевизијата Aljazeera.

    Дел од комисијата за избор на наградата беше и претставникот на ЗНМ Столе Наумов кој во своето обраќање ја истакна важната улога на новинарите за време на мигрантската криза. „Голема чест за ЗНМ е да биде дел од оваа бескрајно хумана димензија. Додека политичарите, владите, државите правеа  огради и ѕидови, новинарите и фоторепортерите со своите фотографии и стории ги рушеа тие ѕидови, ја провоцираа свеста и совеста за бегалците, предизвикуваа акција иако за жал и ти поради притисокот, затварање и умирање на медиумите како и не исплаќање на плати во оваа држава се чувствуваат како мигранти“ истакна Наумов

    На настанот свое обраќање имаше и претставникот на УНХЦР Скопје, господинот Мохамад Ариф. Тој во своето обраќање ги поздрави новинарите за сите напори кои ги вложуваат во подигнувањето на свеста кај јавноста за страдањето на бегалците. „Цврсто сум убеден дека ако на кој било хуманитарец му се даде шанса да ја избере својата кариера одново, тој или таа би го направиле истиот избор одново, а истото би го направил и јас, бидејќи не постои ниту една активност којашто е повредна од помагањето на најранливите. Тука би сакал да ги споменам и медиумски работници – без вас, не би можеле да ја подигнеме свеста за страдањето на бегалците на начинот на кој го правиме тоа“, заклучи г. Мохамад Ариф.

    • Share:
    author avatar
    ЗНМ Македонија

    Претходен

    Резултати од конкурсот за „Награда за професионално известување за состојбата на бегалците при мешаните миграциски движења за 2016 година во Македонија“
    јуни 17, 2017

    Следен

    Повик за ослободување од притвор на Божиновски
    јуни 23, 2017

    Можеби ќе Ве интересира

    3
    Работилница за безбедност на новинарите и снимателите во соработка со МВР и ОЈО
    28 мај, 2023
    5
    Реализирана тродневна работилница за изработка на новиот стратешки план на ЗНМ
    8 мај, 2023
    slika krvodaritelstvo
    Хуманитарен настан по повод 3-ти мај, Светскиот ден на слободата на медиуми во организација на ССНМ и ЗНМ
    3 мај, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?