• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • До девет грешки нема казни за медиумите

    До девет грешки нема казни за медиумите

    • Категории Активности
    • Датум август 22, 2016

    Aгенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ја помина првата фаза во усвојувањето на Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување, што треба да почне да се применува 100 дена пред одржувањето на изборите. Во моментов тече јавната расправа по нејзината нацрт-верзија која трае до 24 август на полноќ. По што, според законските рокови, финалниот предлог треба да се изгласа најдоцна до 27 август.

    На седницата на Советот на Агенцијата, претставникот на ЗНМ Зоран Фиданоски имаше неколку забелешки на нацрт-текстот на Методологијата. Според него, францускиот модел за балансирано известување надвор од изборни периоди избран од предлагачот (директорот и Стручната служба на Агенцијата) како модел за имплементација во 80 дена до почетокот на изборната кампања ги става во нерамноправна положба изборните аспиранти од власта и опозицијата.

    Имено, моделот предвидува дека опозициските политичките партии – парламентарни и вонпарламентарни, функционери од редовите на опозицијата, како и коалиции, сојузи, граѓански организации и слично кои ја поддржуваат опозицијата треба да бидат застапени најмалку 50% од времето потрошено за партиите и функционерите од власта, потоа граѓанскиот сектор близок до власта, како и претседателот на државата на внатрешно-политички теми. Од ова време, се изземени известувањата какви што беа за поплавите во скопско. Кои, според членот на Советот на Агенцијата од ЗНМ, ги имаа сите атрибути на предизборна кампања и каде на трагедијата и маката на луѓето погодени од невремето, се печалеа и се печалат предизборни поени со масовно медиумско прикажување.

    Второ, предлагачот предвидел казна за медиум, само доколку во период од десет дена направил прекршок најмалку 10 пати. Ваквиот предлог дава можност повеќето од медиумите да ја продолжат праксата свесно да прават до девет прекршоци за тој период и да избегнат санкционирање. А, токму таквото известување да има пресудно влијание во формирањето на конечната одлука кај дел од граѓаните за кого да го дадат својот глас на претстојните предвремени избори.

    Истовремено, претставникот на ЗНМ го поздрави востановениот принцип – секој од потенцијалните ангажирани надворешни монитори од Агенцијата (на прекинатиот пролетен изборен процес беа 77), меѓу другото, со нотарска изјава да гарантира дека не е член на ниту една политичка партија, што е еден од елементите за непристрасност при мониторирањето.

    Во меѓувреме, Агенцијата закажа јавен состанок во вторник на 23 август во 12 часот, на кој треба да се дебатира за Методологијата за изборен мониторинг.

    Според најавите а во согласност со законските рокови, Методологијата треба да биде изгласана од Советот на АВМУ до крајот на неделава. Нејзината примена се очекува да стартува од 3 септември.

    22 август, 2016 година

    Скопје

    • Share:
    author avatar
    ЗНМ Македонија

    Претходен

    Повик за протест!
    август 22, 2016

    Следен

    Повик за доделување на грант за зајакнување на новинарската солидарност и промоција на професионалните стандарди
    август 23, 2016

    Можеби ќе Ве интересира

    5
    Реализирана тродневна работилница за изработка на новиот стратешки план на ЗНМ
    8 мај, 2023
    slika krvodaritelstvo
    Хуманитарен настан по повод 3-ти мај, Светскиот ден на слободата на медиуми во организација на ССНМ и ЗНМ
    3 мај, 2023
    ЗНМ Лекарска комора
    Заедничка работилница на ЗНМ и Лекарската комора на Македонија: „Стручен надзор и лекарска грешка – концепти и разлики“
    20 април, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?