Да се одложи донесувањето на Етичкиот кодекс на МРТ

Здружението на новинари на Македонија бара од Програмскиот совет на Македонската радиотелевизија да го одложи донесувањето на Етичкиот кодекс за јавниот сервис.
Предупредуваме дека ако Кодексот се донесе во предложената форма нема да го подобри известувањето на новинарите. Спротивно, ќе предизвика сериозни последици во работата на јавниот сервис. Постои реална опасност раководството на МРТ да злоупотреби одредени членови на Кодексот со цел да прави притисок врз новинарите.
Најголем недостаток на Кодексот е мешањето на новинарската етика со работната дисциплина. Не смее новинар да добие отказ за работа ако одбие задача што е спротивна на етичките принципи на новинарството.
На новинарите не може да им судат за евентуално прекршување на етичките норми луѓе кои никогаш не работеле како новинари и се предложени од раководството на МРТ.
ЗНМ го разгледа и изготви суштиснки забелешки со цел да се подобри тексот на Кодексот. Но Програмскиот соевт на последната седница, без никакво образложение ги одби нашите сугестии и инсистира на денешната седница да биде усвоен.
Здружението на новинари на Македонија
07 Март, 2017
Скопје