Честитки од ЕФН до новоизбраниот претседател на ЗНМ

Европската федерација на новинарите му ја честита победата на новоизбраниот претседател на Здружението на новинарите на Македонија – Младен Чадиковски.
Во својата честита тие му посакаа успех на Чадиковски и му порачаа да продолжи со работата и залагањата за интересите на новинарите.
Истовремено, ЕФН му се заблагодари на досегашниот претседател на ЗНМ – Насер Селмани за постојаното залагање за слободата на медиумите и човековите права, кој работеше во исклучително тешки времиња.