Здружението на новинарите на Македонија тековно работи на остварување на соработка со своите партнери со цел обезбедување на бенефиции на активни членови.

Во моментов следните бенефиции на членовите се достапни:

Правна помош:

lawyer-05

Обезбедување на правна помош во случај на тужба за клевета или навреда и останати правни услуги (повеќе информации достапни се на следниот линк).  Директен контакт е: Адвокатска канцеларија „Филип Медарски“ (02) 6133 650,

IFJ_logoСекој член на ЗНМ има можност да ги ужива и бенефициите на Интернационалната федерација на новинари“ (ИФЈ) преку вадење на ИФЈ членска картичка. Вадењето на оваа картичка чини 1200 денари и истата е со важност од две години. Оваа картичка е признаена во повеќе од 120 земји низ светот и со неа се овозможуваат бројни попусти и пристап на новинарите во одредени институции и на настани. Повеќе информации за можностите кои ги имаат членовите на ЗНМ со вадењето на оваа картичка се достапни на страната на ИФЈ (www.ifj.org).

Едукација:

FON_University_logo

Универзитетот ФОН и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) потпишаа билатерален меморандум за соработка. Меморандумот е основа за соработка помеѓу двете страни  за спроведување на заеднички активности за пренос на знаење и зајакнување на националните капацитети за обезбедување обуки и консултации од областа на новинарството. Меморандумот е концентриран кон организирање на заеднички активности, како што се семинари, конференции, работилници и слично.

Универзитетот ќе овозможи попуст од 50% од школарината за студиите на новинарите – членови на ЗНМ за додипломски и мастер студии на студиските програми на универзитетот.

еурокидс лого

ЕУРОКИДС нуди курсеви по англиски и германски јазик за деца и возрасни како и подготвителни курсеви за полагање на меѓународните тестови IELTS и BULATS.

Обврски на Еуро едукативен центaр ЕУРОКИДС према членовите на ЗНМ:

– попуст од 25% на курсеви по англиски и германски за деца до средношколска возраст;

– попуст од 25% на курсеви по англиски и германски за возрасни;

– попуст од 15% на подготвителни курсеви за полагање на BULATS и IELTS;

Угостителски објекти:

IMG_20170328_102528-01

Членовите на ЗНМ имаат 30% попуст на цените на храна и пијалоци во „Клубот на новинарите на Македонија“.
За организирање на разни настани во салата во рамки на Клубот контакт лице е Стефан Бахман, Mob.+389 78 670 101 Email: stefanbahman@gmail.com/

trend logo

Остварена соработка со најпознатиот кафе-ресторан во Македонија, ТРЕНД! Обезбедени се 15% попуст за членовите на ЗНМ на сите производи во сите локали на ТРЕНД: Lounge restaurant Trend & Bistro London (плоштад Македонија), Food Bar Trend (Skopje City Mall), Тренд Телеком (Кеј 13 Ноември), Gastro Bar Trend (бул. Јане Сандански, Аеродром), Trendy Party Room (ул. Никола Вапцаров 2/4). WEB: http://caffetrend.mk/

Zanzibar logo

ЗНМ оствари соработка со една од најстарите пицерии во Скопје, пицеријата „Занзибар“ која се наоѓа во близина на фонтаната во градскиот парк. Пицерија Занзибар дава 20% попуст на своите производи за членовите на ЗНМ. Повелете на највкусната италијанска кујна во градот, а секој четврток во 21:00 ве забавува Џон Илија Апелгрен. Facebook page

Сервис и продажба на велосипеди:

bike market logo

BIKE MARKET Скопје основана 2008 година, спроти фонтаната во градскиот парк во Скопје нуди сервис и продажба на велосипеди. Членовите на ЗНМ добиваат попуст на следните производи:
– POLAR Venera SCOUT  i CROSS  велосипеди попуст од 23% на редовните цени.
– На брендовите MERIDA  bikes  20% пупуст  SCOTT bikes 17% попуст.
Попсут од 20% на резервни делови и додатоци за велосипеди како и 15% попуст на сервис – работна рака.

Спорт и рекреација:

life style fitness studioLifestyle Fitness Studio Skopje кое се наоѓа на Бул. Партизански одреди 72а нуди 20% попуст на месечна членарина за користење фитнес и сауна за членовите на ЗНМ. Телефони за контакт: 071 712 882, 075 336 764.

Поликлиники:

logo inter med artОбезбеден 5% попуст на здраствените услуги во поликлиника Интермед-Арт. Поликлиника Интермед-Арт е приватна здравствена установа, основана во февруари 2011год, лоцирана е  на бул.Партизански Одреди бр.84 во трговскиот центар Антико – Скопје. Располага со ординација  по општа медицина, трудова медицина,интерно оделение,физикална терапија,лабораторија,дневна болница и ординација по спортска медицина.

Веб страна: http://www.intermed-art.com.mk/

Авио компании:

logoОбезеден е попуст со Croatia Airlines“ и сите членови на ЗНМ имаат 20% попуст на комерцијални летови преку оваа авио куќа и тоа на категорија на летови C, D и Z, потоа 15% попуст на категорија на летови Y и B и 10% на категорија на летови нa M, H, Q, V и W. Попустите не важат за конекцијата SKP-ZAG-SKP. Повеќе информации имате на следните телефони +389 2 561 850 / 3296 967 / 3296 969,

Автомобилизам и сервис:

LOGO AMSM_001

Членовите на Здружението на новинари кои ја имаат подмирено годишната членарина ќе добијат комерцијален попуст од 20% на членскиот пакет „КЛАСИК“ и 30% попуст на членскиот пакет „ЕВРОПА ПРЕМИУМ“ кои ги нуди АМСМ.

ИНФО за пакетите на следните линкови:

http://www.amsm.com.mk/article.aspx?cid=5504&scID=5387&l=94   КЛАСИК

http://www.amsm.com.mk/article.aspx?cid=5503&scID=5387&l=94   ЕВРОПА ПРЕМИУМ

ups1a0

BENELUX TUNING нуди:

  • 25% на сите брендови на пневматици од сите димензии, без разлика на купената количина и гратис работна рака за монтажа на истите (Michelin, Dunlop, Sava, Tigar, Continental, Sportiva, Starfire, Nankang, Nokian, Pirelli, Bridgestone, Kellz, и сите останати од нашиот асортиман);
  • 15% на сите алу фелни од сите димензии и од сите брендови;
  • 10% посто на сите делови неопходни за сервис на вашите возила и ГРАТИС работна рака за монтажа на истите;
  • 10% ќе добиете за вашиот стар акумулатиор при купување на нов акумулатор од брендовите Exide, Topla, Moll;
  • ГРАТИС ДИЈАГНОСТИКА за сите ваши возила и детектирање на сите грешки со специјален КТС уред од BOSCH;
  • 1000 денари монтажа, демонтажа и балансирање ќе ве чини промената на вашите 4 пневматици од зимски на летни и обратно;
  • 1000 денари ќе ве чини сезонското складирање на вашите гуми во нашиот Хотел за гуми;

Локација: ул. Скупи 57б / Момин Поток, 1000 Скопје
тел:.  ++ 389 2 30 82 111, Факс. ++ 389 2 30 82 111, Мобилен ++ 389 71 305 600
E-mail: info@beneluxtuning.com
Web: www.beneluxtuning.com

АВТОПЕРАЛНА „КЛИП ПЛУС“ нуди 10% попуст на своите услуги, локација Рузвелтова 25 (во близина на сет тек).

Транспорт:

rule_turs_logo_tОбезбеден е попуст со агенцијата Руле Турс“ со која е овозможено членовите на ЗНМ да користат 20% попуст за сите линии на патување, во Македонија и надвор од земјава. При плаќање на билетот вработените од Руле Турс на членовите ќе побараат членска книшка за да се потврди активното членство.  Повеќе информации имате на следните телефони 2402 527.

Попуст за членовите за транспорт со Струмица Експрес. Секој патник има попуст од 20% за услугите кои ќе ги користи преку оваа транспортна компанија. Картите за превоз може да се купат од автобуската станица во Струмица или од шоферот во автобусот со покажување на заверена членска книшка од ЗНМ.

mtravel

Здружението на новинарите на Македонија и „Македонија Травел“ потпишаа меморандум за соработка со што  на членовите на ЗНМ им се овозможуваат многубројни понуди и поволности кои ги нуди агенцијата. За повеќе информации околу многубројните поволности и услуги што ги нуди „Македонија Травел“ за нашите членови можете да се информирате на телефон: +389 (0) 2 3112372  или на мејл на: info@macedoniatravel.com

Книжарници:

akademska kniga logoПопуст од 10% на сите производи во Академска Книга. Специјализирани продавници за странска стручна литература на англиски јазик од врвни американски, британски и германски издавачи. Академска Книга располага со сопствен дистрибутивен центар со повеќе од 18.000 книги на залиха. Залихата вклучува монографии, наслови од светски познати универзитетски печатници, книги за предавање (textbooks), како и книги за професионална употреба и изучување на јазици. WEB: http://akademskakniga.mk/

logo2

Попуст за купување на книги. Членовите на ЗНМ можат да се регистрираат на KupiKniga.mk и да станат привилегирани членови со што се добива 10% попуст на сите нарачки од оваа книжарница. Тука ќе најдете повеќе од 10000 наслови на македонски, албански, англиски и српски јазик во различни категории. За да се регистрирате на KupiKniga.mk како привилегиран член, одете на http://kupikniga.mk/RegStep1.aspx  и внесете го кодот ZNMVIP во полето „Вип код“ а потоа во полето „лозинка“ внесете го вашиот број од членската книшка.

Салони за убавина:

dami i gospoda logoФризерското студио „ДАМИ и ГОСПОДА“ нуди 20% попуст на своите услуги. Локација Скупи 1/1  во близина на гимназија Георги Димитров.

Паркинг:

Besplaten-Parking

Бесплатен паркинг – Ве известуваме дека е потпишан Договоро со Паркинзи на општина Центар, според кој членовите на ЗНМ ќе може да ја користат бенефицијата за бесплатен паркинг во траење од 2 часа.  Членовите на ЗНМ што сакаат да ја користат оваа бенефиција потребно е да одат до просториите на ПОЦ каде ќе им биде доделена новинарска паркинг картичка. За секоја издадена новинарска паркинг картичка на член на здружението, новинарот ќе склучи договор во кој детално ќе бидат определени правата и обврските на корисникот и на ПОЦ. За повеќе информации обратете се директно во ПОЦ или во канцелариите на ЗНМ.