Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

ЗНМ и ССНМ побараа од премиерот Заев итни медиумски реформи

image-0-02-04-d6959425f238ac6bf5d2c803de30058a3d56902bb1bfc1d0b8538fb64d639866-V-01
ZNM
петок 16 јуни, 2017петок 16 јуни, 2017/ петок 16 јуни, 2017

Претставници на Здружението на новинари на Македонија и на Самостојниот синдикат на новинари и на медиумски работници денеска се сретнаа со премиерот Зоран Заев, каде беше разговарано за итните медиумски реформи.

Претседателката на ССНМ, Тамара Чаусидис и Претседателот на ЗНМ Насер Селмани ги презентираа приоритетите неопходни за подобрување на состојбата со слободата на медиумите.

Од страна на Премиерот Заев беше демонстрирана подготвеност и политичка воља да се прекине праксата на неказнивост и насилство врз новинарите и да се направат сите неопходни законски измени за гарантирање на слободата на говорот и за независноста на медиумите.

Од двете новинарски организации беа понудени конкретни решенија за финансирање на медиумите, реформата на јавниот сервис, подобрување на работничките права во редакциите и за зголемување на транспарентноста и отчетноста на институциите.

ЗНМ и ССНМ потврдија дека и во иднина принципиелно ќе работат на зајакнување на професионалните стандарди и засилување на концептот на саморегулација во медиумите.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin
Tags: