Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Осуда на заканите на Рахиќ против новинарите

Capture
ZNM
понеделник 20 февруари, 2017понеделник 20 февруари, 2017/ понеделник 20 февруари, 2017

Здружението на новинарите на Македонија ги осудува заканите на поранешниот пратеник Есад Рахиќ, кој во неделата преку медиуми ги предупреди новинарите да внимаваат што пишуваат за приведувањето на неговиот брат затоа што  семејството Рахиќ има многу пријатели и не може да гарантира како ќе реагираат кога ќе ги сретнат новинарите на улица.

Ваквите непримерни изјави преставуваат директен напад врз слободата на медиумите и имаат за цел да ги замолчуваат новинарите.

Ги повикуваме новинарите да ги почитуваат професионалните стандарди и да ги проверуваат фактите пред да ги објават информациите. Тоа особено се однесува кога известуваат за сензитивни теми поврзано со човековите права.

Во случај на непрофесионално известување на медиумите граѓаните можат да поднесат претставка во Советот на честа на ЗНМ и Советот за етика во медиумите.

20.02.2017 година, Скопје

facebooktwittergoogle_pluslinkedin
Tags: