Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

ЗНМ го поддржува штрајкот на новинарите на МПМ

432059_372192836182611_1586363711_n
ZNM
петок 17 февруари, 2017петок 17 февруари, 2017/ петок 17 февруари, 2017

Здружението на новинари на Македонија го поддржува штрајкот на
новинарите на трите весника на издавачот Медиа принт Македонија и го
повикува менаџментот на компанијата веднаш да ги исполни барањата на
штрајкувачкиот одбор за исплата на заостанатите плати и хонорари.

Ги потсетуваме сопствениците на МПМ дека кршењето на социјалните права
на новинарите не е само прекршување на нивните работнички права, туку e и силен удар  врз слободата на медиумите.

 

Ја повикуваме целата новинарска и медиумска заедница да го поддржи
штрајкот на новинарите на веснициите Дневник, Утрински и Вест со цел
да престане праксата медиумите да служат како средство за
поткусурување заради интересите на сопствениците на медиумите и власта. Нивните политички и економски интереси не смеаат да се прекршат врз грбот на новинарите.

ЗНМ силно ги поддржува напорите на Самостојниот синдикат на новинари и
медиумски работници за изнаоѓање решение за исплата на заостанатите
плати и хонорари на новинарите и дописниците.

 

 

Со почит,

Здружение на новинарите на Македонија

 

17.02.2017 година, Скопје

 

фото: Љубинка Брашнарска

facebooktwittergoogle_pluslinkedin