Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Да се расчисти инцидентот со новинарот Милошевски

zapalena-garazata-na-novinarot-od-publikum-zoran-milosheski-1-750x354
ZNM
понеделник 30 јануари, 2017понеделник 30 јануари, 2017/ понеделник 30 јануари, 2017

Здружението на новинари на Македонија, Регионална канцеларија за Битола и Прилеп ги повикува надлежните институции што поскоро да го расветлат случајот од пред четири дена кога непознати сторители ја полиле со бензин и ја запалиле гаражата на новинарот Зоран Милошевски од Прилеп, сопственик на порталот „Публикум“ , дописник на неделникот „Фокус“ и соработник на порталот „Слободна Македонија“.

Расветлувањето на нападот ќе ја реши дилемата дали нападот е поврзан со работата на Милошевски како новинар или се работи за изолиран инцидент.

Полицијата и обвинителството при расветлување на настанот мора да ги имаат предвид и укажувањата на новинарот дека и претходно бил изложен на закани и притисоци на локални моќници.

Брзото решавање на нападите и острото санкционирање на насилниците ќе придонесе да се намали бранот на насилство врз новинарите. Потсетуваме дека државните институции имаат обврска да обезбедат нормални услови за работа на новинарите.

Регионален центар на ЗНМ за Битола и Прилеп

фото: publikum.mk

Битола, 27.01.2017

facebooktwittergoogle_pluslinkedin