Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Членството во ЗНМ ќе се ажурира на две години

  • 2237
  • 2237
  • 2237
  • 2237
  • 2237
  • 2237
  • 2237
  • 2237
  • 2237
  • 2237
  • 2237
  • 2237
  • 2237
  • 2237
  • 2237
  • 2237
  • 2237
  • 2237
  • 2237
  • 2237
  • 2237
  • 2237
  • 2237
  • 2237
  • 2237
  • 2237
ZNM
вторник 3 мај, 2016вторник 3 мај, 2016/ вторник 3 мај, 2016

 

Членството во Здружението на новинарите во иднина нема да се ажурира секоја година, туку еднаш на две години. Висината на членарината останува иста и ќе изнесува 600 денари за две години. Таква одлука беше донесена на Редовното годишно Собранието на ЗНМ, кое се оддржа минатиот викенд во Велес.

Целта на промената на правилникот за членство е да се поедностави постапката за ажурирање на членството и да се усогласи со практиките на Меѓународната федерација на новинари, во која членува ЗНМ.

Собранието го усвои и извештајот за работа на ЗНМ во 2015 година. Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, рече дека во 2015 година се легитимирани ставовите на ЗНМ пред меѓународната заедница. Предлогот на меѓународната заедница за реформи во медиумите во суштина се решенија за кои ЗНМ се залага подолго време.

Селмани збореше и за загрижувачката појава на ескалација на насилството против новинарите. Во расправата новинарите од Регионалните центри побараа да се алармира домашната и меѓународната јавност за притисоците на локалните власти врз новинарите од внатрешноста.

Според Селмани, мораториумот на владините реклами е резултат на залагањето на ЗНМ да се прекине практиката на корумпирање на приватните медиуми со јавни пари. Тој соопшти дека ЗНМ минатата година ја следел судска пракса на судовите за клевети против новинари и изготвила неколку анализи на медиумскиот систем, кои ќе помогнат за зајакнување на позициите на новинарите во креирање на медиумските политики.

Членовите на Собранието ги усвоија измените и дополнувањата на статутот и на седум правилници на ЗНМ, кои ќе помогнат да се зголеми ефикасноста на работата на Здружението.

Беше усвоен и финансискиот извештај за 2015 година доставен од Надзорниот одбор како и тригодишен стратешки план за работа.

 

facebooktwittergoogle_pluslinkedin