Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Промовирана публикацијата за статусот и потребите на дописниците пред новинарите во Штип и Струмица

ZNM
Wednesday 4 September, 2019Wednesday 4 September, 2019/ Wednesday 4 September, 2019

Претседателот на Здружението на новинарите на Македонија, Младен Чадиковски и директорот Драган Секуловски викендов пред новинарите од регионалните центри на ЗНМ во Штип и во Струмица го промовираа документот за јавни политики со наслов: „Статусот и потребата на дописниците во Република Северна Македонија“.

На средбите со колегите претседателот Чадиковски посочи на проблемот дека дописничката мрежа се намалува од година во година, а состојбата на овие новинари е неповолна и од аспект на финансии и во однос на притисоците што ги имаат на локално ниво од бизнис и политички моќни структури. Според него, ваквата состојба мора да се промени и предложи тоа да се реализира преку нивна финансиска независност. Дополнително, треба да се обнови дописничкиот кадар во МРТВ, но и да се зголеми со отворање  нови најмалку 8 дописништва низ државата. Конечно, Чадиковски нагласи дека и печатените медиуми треба да имаат дописници, дотолку повеќе што годинава добија субвенции од државата за печатење и дистрибуција.

Во однос на прашањето за подобрување на статусот на дописниците, посебно е значајна препораката која се однесува на сите радиодифузери на државно ниво, без разлика дали се кабелски или терестријални, потребно е да вработат по минимум четири луѓе за терестријалните, а кабелските минимум двајца дописници. Конечно, претседателот на ЗНМ Чадиковски, смета дека и печатените медиуми треба да имаат дописници, дотолку повеќе што годинава добија субвенции од државата за печатење и дистрибуција. Во завршниот збор, Чадиковски нагласи дека ЗНМ вложува напори за дописниците, бидејќи тие се значајни за новинарството и со нивната финансиска независност квалитетот на работата и на дописниците и на медиумите ќе биде многу
подобар.

Од страна на присутните новинари од Струмица и Штип следеше поздрав на овие заложби, но и очекување дека во догледно време же се најде решение за прашањата врзани со подобрување на статусот на дописниците од овој регион.

Оваа публикација беше подготвена во рамките на проектот „Безбедни новинари за кредибилни информации во Македонија“ поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје. Содржината на оваа публикација е единствена одговорност на ЗНМ и авторите и во никој случај не може да се смета дека ја одразува позицијата на Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје.

Print Friendly, PDF & Email
Facebooktwitterlinkedin