• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2026
      • Прес клипинг 2025
      • Прес клипинг 2024
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
    • In Memoriam
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Кошничка
Плати онлајн
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2026
        • Прес клипинг 2025
        • Прес клипинг 2024
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
      • In Memoriam
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • 3 мај – Светски ден на слободата на медиумите – ЗНМ со изложба и доделување награди за најдобри фотографии

    3 мај – Светски ден на слободата на медиумите – ЗНМ со изложба и доделување награди за најдобри фотографии

    • Категории Активности
    • Датум мај 5, 2025

    По повод 3 мај – Светскиот ден на слободата на медиумите, Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), со поддршка од Европската Унија, организираше изложба на новинарска фотографија под наслов „Медиумска слобода низ објективот: Моментите што зборуваат” и свечено ги додели наградите за најдобри фоторепортерски остварувања за 2024 година.

    На јавниот повик што го распиша ЗНМ пристигнаа вкупно 15 апликации, секоја со свој уникатен пристап во доловувањето на значајни општествени моменти. Жири-комисијата, составена од Владимир Арсовски, Боро Арсовски и Роберт Коцев, ги селектираше најдобрите три фотографии.

    Првата награда беше доделена на фоторепортерот Слободан Ѓуриќ за фотографијата „Татко – Кочани“.  

    Втората награда ја доби фотографијата „Канадер – Охридско Езеро” од фоторепортерката Маја Јаневска-Илиева.

    Третата награда ја поделија фоторепортерите Ѓорѓи Личовски зафотографијата  „Ловец на Персиди“ и Роберт Атанасовски за фотографијата „Женски водици“.

    Претседателот на жири комисијата Владимир Арсовски пред присутните го истакна своето задоволство и нагласи имавме тешка одлука околу доделувањето на наградите, бидејќи сите пристигнати фотографии беа одлични како од естетски така и од наративен и емотивен аспект. Одлуката на членовите на жирито беше субјективен став но сепак објективен израз на вредноста на наградените фотографии.

    Претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски истакна дека во време кога медиумските работници се соочуваат со сериозни предизвици, важно е гласно да се поддржат оние што со својот објектив ја забележуваат вистината.

    „Тоа е посебната улога на фоторепортерите – да бидат и сведоци и хроничари на времето, да ни ги пренесат моментите на радост и надеж, но и моментите на тага, кои понекогаш не можеме да ги изразиме со зборови.“ рече Чадиковски.

    Оваа изложба претставува креативен и силен пресек на настаните што го обликуваат нашето време – документирани преку визурата на професионалните фоторепортери. Дел од фотографиите го доловуваат еден од најтешките колективни моменти во поновата историја – трагедијата во Кочани, при што фоторепортерите се покажаа како хроничари на болката, но и на достоинството и човечноста.

    ЗНМ ќе продолжи да ја поддржува слободата на изразување и да ја промовира важноста на визуелното новинарство како дел од професионалното медиумско известување.

    Изложбата ќе биде отворена до 12 мај и сите заинтересирани ќе имаат можност да погледнат во просториите на Музејот на град Скопје.

    Изложбата е реализирана во рамки на проектот „Заштита на слободата на изразување и независноста на медиумите како столбови на демократијата во Република Северна Македонија“, финансиси поддржан од страна на Европската Унија. За нејзината содржина одговорно е исклучиво Здружението на новинарите на Македонија и нужно не ги одразува ставовите на Европската Унија.

    Насловна фотографија: Петр Стојановски

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    Истражувачкото новинарство и етичко известување во фокусот на дводневната обука на ЗНМ
    мај 5, 2025

    Следен

    Соработка за медиумски слободи: ЗНМ на средба со судии од Основниот граѓански суд
    мај 7, 2025

    Можеби ќе Ве интересира

    2
    ЗНМ и АВМУ разговараа за актуелните состојби на медиумскиот пазар и транспарентноста на сопственоста
    8 октомври, 2026
    169 (86)
    Повик за учество на еднодневна обука на тема: „Етичко известување за процесот на ЕУ интеграции “
    7 октомври, 2026
    169 (85)
    ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКА ЗА НОВИ ТЕХНОЛОГИИ И ДИГИТАЛНА БЕЗБЕДНОСТ
    5 октомври, 2026

    Пребарувај

    Категории

    • In Memoriam
    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?