• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2026
      • Прес клипинг 2025
      • Прес клипинг 2024
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
    • In Memoriam
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Кошничка
Плати онлајн
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2026
        • Прес клипинг 2025
        • Прес клипинг 2024
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
      • In Memoriam
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • Собранието на ЗНМ ги усвои измените и дополнувањата на Правилникот за работа на Советот на честа

    Собранието на ЗНМ ги усвои измените и дополнувањата на Правилникот за работа на Советот на честа

    • Категории Активности
    • Датум јули 13, 2026

    Собранието на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), на редовната седница одржана на 9 јули 2026 година, ги усвои измените и дополнувањата на Правилникот за избор и работа на Советот на честа.

    Измените беа предложени од членовите на Советот на честа а имаат за цел да ја направат работата на Советот поефикасна, потранспарентна и пофункционална, преку појасно уредување на неговите надлежности, постапките и начинот на работа.

    Со новите решенија се овозможува Советот, покрај постапувањето по претставки, да може и по сопствена иницијатива да отвори постапка кога ќе утврди можно прекршување на Кодексот на новинарите на Македонија. Исто така, се создава можност во неговата работа, кога тоа е потребно, да бидат вклучени надворешни експерти и Стручната служба на ЗНМ, со цел одлуките да бидат дополнително аргументирани и стручно подготвени.

    Со измените се воведува можност седниците да се одржуваат и по електронски пат, како и електронско гласање во случаи кога тоа е неопходно за навремено постапување. Дополнително, се уредуваат решенија што треба да обезбедат непречена работа на Советот и во ситуации кога некој од неговите членови подолг период не е во можност да учествува во работата.

    Правилникот предвидува и пократки рокови за постапување, а се доуредува и постапката за разгледување на претставките, со што се зајакнува правото на одговор на членот против кого е поднесена претставката и се обезбедува пофер и потранспарентна постапка.

    Една од новините е и воведувањето појасен систем за постапување во случаи на повторени прекршувања на Кодексот на новинарите на Македонија. Во тие случаи, Советот на честа ќе може да изрече јавна опомена, односно да предложи исклучување од членството во ЗНМ, согласно условите утврдени во Правилникот и надлежностите на Управниот одбор.

    Измените ги следат и промените во современото медиумско опкружување, па Советот ќе може да постапува и по новинарски содржини објавени преку дигитални платформи и социјални мрежи, кога тие имаат карактер на новинарски производ и се поврзани со примената на Кодексот на новинарите на Македонија.

    Со усвојувањето на овие измени, ЗНМ продолжува да ги унапредува механизмите на професионална саморегулација и да го зајакнува системот за заштита на професионалните и етичките стандарди во новинарството.

    Новиот текст на овој правилник е достапен на овој линк

    Советот на честа е саморегулаторно тело на новинарите во Македонија. Неговата основна задача е да се грижи и да ги промовира етичките принципи, критериуми и стандарди на професионалното и одговорно новинарство наведени во Кодексот на новинарите на Македонија.

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    Брза реакција – првите 60 минути-Практичен водич за реакција при координирани дигитални напади врз новинари и медиуми
    јули 13, 2026

    Следен

    ЗНМ го одржа редовното неизборно Собрание и ги усвои годишните извештаи за 2025 година
    јули 13, 2026

    Можеби ќе Ве интересира

    169 (77)
    ЗНМ укажува на потребата од професионален однос кон новинарите
    7 септември, 2026
    Тетово 03.09.2026
    Средба на ЗНМ со новинари и медиумски работници од Полошкиот регион
    4 септември, 2026
    насловна-повик за обуки
    ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА Т-АЈМ ОБУКИ: БЕЗБЕДНО И ЕТИЧКО НОВИНАРСТВО
    25 август, 2026

    Пребарувај

    Категории

    • In Memoriam
    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?