• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2026
      • Прес клипинг 2025
      • Прес клипинг 2024
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
    • In Memoriam
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Кошничка
Плати онлајн
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2026
        • Прес клипинг 2025
        • Прес клипинг 2024
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
      • In Memoriam
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • Секуловски во НСЕИ: Домашните институции навремено да побараат продолжување на програмите за слобода на медиумите

    Секуловски во НСЕИ: Домашните институции навремено да побараат продолжување на програмите за слобода на медиумите

    • Категории Активности
    • Датум јули 15, 2026

    Извршниот директор на Здружението на новинарите на Македонија, Драган Секуловски, во својство на претставник на ЗНМ во Националниот совет за евроинтеграции, денеска учествуваше на Осмата седница на Советот во Собранието.

    За време на работната средба, која се одржа заеднички со Комисијата за европски прашања, амбасадорот на Република Ирска, Брендан Вард, ги претстави програмата и приоритетите на Ирското претседателство со Советот на Европската Унија за периодот јули-декември 2026 година.

    Во своето обраќање, Секуловски укажа дека европската интеграција, владеењето на правото, слободата на медиумите и безбедноста на новинарите се меѓусебно поврзани прашања, кои бараат континуирана и координирана поддршка од домашните и европските институции.

    Тој потсети дека во изминатите десет години заедничките програми на Европската Унија и Советот на Европа, најпрво JUFREX, а потоа PRO-FREX, имаа значајна улога во унапредувањето на слободата на изразување и медиумските слободи во Северна Македонија и во регионот.

    Преку овие програми поддршка добиваа новинарите и медиумските организации, но и судиите, обвинителите, адвокатите, медиумскиот регулатор и другите независни институции. Активностите беа насочени кон безбедноста на новинарите, пристапот до информации, медиумската регулација, примената на европската судска практика и справувањето со новите дигитални предизвици.

    „Сегашната, трета фаза на Хоризонталниот инструмент на Европската Унија и Советот на Европа трае до декември 2026 година. Затоа, Владата, Министерството за европски прашања, Собранието, медиумскиот регулатор, правосудните институции и другите надлежни тела треба уште сега заеднички да ги утврдат приоритетите и јасно да побараат продолжување на оваа поддршка. Не треба да чекаме програмата да заврши, па дури потоа да утврдиме дека ни се потребни натамошна соработка и дополнително градење на институционалните капацитети“, истакна Секуловски.

    Според него, ова прашање е особено релевантно во контекст на Ирското претседателство со Советот на ЕУ, меѓу чии приоритети се европските вредности, владеењето на правото во земјите кандидати, отпорноста на демократиите и напредокот на процесот на проширување.

    Продолжувањето на регионалните програми на Европската комисија (пред се на ИПА програмите) како и на Советот на Европа, поддржани преку европските фондови, би претставувало практичен начин овие приоритети да се претворат во конкретни реформи во земјите кандидати.

    Секуловски го посочи и искуството на регионалната мрежа SafeJournalists.net, во која ЗНМ соработува со новинарски здруженија и синдикати од уште седум земји. Иако проблемите во секоја држава произлегуваат од различни национални околности, нападите врз новинарите, институционалната неефикасност, политичките и економските притисоци и дигиталните закани често имаат слични облици и причини.

    „Регионалниот пристап е од суштинско значење, бидејќи овозможува размена на искуства, препознавање на заедничките трендови и преземање решенија што веќе се покажале како ефикасни во други земји“, нагласи тој.

    Во обраќањето беше истакната и важноста на ирското искуство во областа на дигиталната и медиумската регулација. Голем број од најголемите онлајн платформи (Мета, Инстаграм, Твитер и други) имаат европски седишта во Ирска во Даблин, поради што ирските институции имаат значајна улога во примената на европските правила за дигиталните услуги.

    Истовремено, земјите кандидати вклучувајќи ја и Македонија сè уште се соочуваат со сериозни ограничувања при заштитата на правата на граѓаните и новинарите кога повредите се случуваат на големите дигитални платформи.

    Секуловски се осврна и на стратешките тужби против учеството на јавноста, познати како SLAPP, нагласувајќи дека тие не се проблем само за новинарите и не се само национален туку и регионален проблем.

    „Злоупотребата на судските постапки може да биде насочена кон секој што учествува во дебата од јавен интерес, кон граѓански организации, активисти, експерти, граѓани, но и кон избрани претставници и политичари. Анти-SLAPP механизмите не значат ослободување од легитимна одговорност, туку заштита од постапки чија цел е заплашување, финансиско исцрпување и замолчување на критичките гласови“, рече тој.

    На крајот од обраќањето, Секуловски ги повика домашните институции навремено и координирано да побараат продолжување на програмите на Европската Унија и Советот на Европа, а Ирското претседателство да ја поддржи нивната иднина во рамките на европската помош и идното програмирање за земјите од Западен Балкан.

    „Ова не е барање за поддршка само на една професија. Крајната корист е за целото општество, посилни институции, подобра регулација, побезбедно новинарство, поквалитетна јавна дебата и подобро информирани граѓани. Најдобар резултат ќе биде општество во кое различните ставови се соочуваат со аргументи, а не со притисоци, закани или злоупотреба на институциите“, заклучи Секуловски.

    Фото: Собрание.мк

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    ЗНМ го одржа редовното неизборно Собрание и ги усвои годишните извештаи за 2025 година
    јули 15, 2026

    Следен

    ЗНМ: Заканите кон Рами Мислими мора да добијат брза и ефикасна судска разрешница
    јули 15, 2026

    Можеби ќе Ве интересира

    169 (77)
    ЗНМ укажува на потребата од професионален однос кон новинарите
    7 септември, 2026
    Тетово 03.09.2026
    Средба на ЗНМ со новинари и медиумски работници од Полошкиот регион
    4 септември, 2026
    насловна-повик за обуки
    ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА Т-АЈМ ОБУКИ: БЕЗБЕДНО И ЕТИЧКО НОВИНАРСТВО
    25 август, 2026

    Пребарувај

    Категории

    • In Memoriam
    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?