ПОВИК ЗА УЧЕСТВО: Т-АЈМ ЛЕТНА ШКОЛА ЗА МЛАДИ НОВИНАРИ ВО ОХРИД, 21-25 ЈУЛИ 2026

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во рамките на Тренинг-академијата за новинари и медиумски работници (Т-АЈМ) организира летна школа за млади новинари и медиумски работници што ќе се одржи од 21 до 25 јули во Охрид.
Зошто да учествувате?
Оваа обука ќе помогне во:
- подобрување и унапредување на знаењата и вештините на новинарите за повеќе важни теми како што се безбедност во физичкиот и дигиталниот простор, истражувачко новинарство и етичкото известување, и слични теми поврзани со заштита на новинарите и медиумските слободи
- вмрежување преку размена на искуства и дискусии со новинари и уредници од други медиуми за заедничките предизвици со кои се соочуваат во рамките на редакциите
Критериуми за аплицирање:
1. Кратка биографија во електронска форма (Word или PDF);
2. Кратко писмо за мотивација (не повеќе од 300 карактери) во кое ќе наведете зошто сакате да учествувате на летната школа;
3. Новинарите треба да бидат на возраст од 18 до 35 години;
Пријавите се поднесуваат електронски, со назнака „АПЛИКАЦИЈА ЗА Т-АЈМ ЛЕТНА ШКОЛА 2026“, на следнава е-пошта: bnasteska@znm.org.mk
Крајниот рок за пријавување е 30.06.2026 година.
Сите трошоци на учесниците ќе бидат покриени, вклучувајќи превоз, сместување и храна. Предност ќе имаат новинарите кои досега не учествувале на претходни обуки организирани од страна на ЗНМ.
По завршувањето на обуките во рамките на летната школа, учесниците ќе добијат сертификат за учество.
За дополнителни информации, контакт лице: Билјана Настеска – Каланоска; bnasteska@znm.org.mk; 02/3298-139.
