• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2026
      • Прес клипинг 2025
      • Прес клипинг 2024
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
    • In Memoriam
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Кошничка
Плати онлајн
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2026
        • Прес клипинг 2025
        • Прес клипинг 2024
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
      • In Memoriam
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Соопштенија

    • Почетна
    • Новости
    • Соопштенија
    • ЗНМ: Да се обезбеди почитување и непречена работа на медиумските работници на гласачките места

    ЗНМ: Да се обезбеди почитување и непречена работа на медиумските работници на гласачките места

    • Категории Соопштенија
    • Датум октомври 19, 2025

    Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) апелира до Државната изборна комисија (ДИК), општинските изборни комисии, и Министерството за внатрешни работи да продолжат да обезбедуваат непречен пристап и услови за работа за новинарите и медиумските работници на сите избирачки места. Професионалното, навремено и точно информирање на јавноста за текот на изборниот процес е од суштинско значење за довербата во изборите.

    До ЗНМ утрово беа пријавени неколку случаи на попречување на работата на новинарските екипи:

    • Скопје: Општина Карпош, (ИМ 2626) на новинарката Елида Зулбеари обид за одземање на мобилниот телефон и непристоен однос од страна на заменик претседателот на комисијата, по што имало интервенција од МВР, за што ќе побараме од ДИК да преземе санкции за службеникот.
    • Охрид (ИМ 1270): На екипа од јавниот сервис ѝ беше оневозможен пристап во раните утрински часови со образложение дека, покрај новинарската легитимација, треба да поседува и „акредитација од ДИК“. По реакција на колегите и интервенција на лице место, пристапот беше овозможен и работата продолжи.
    • Тетово: Новинар беше попречен да земе изјава од страна на членови на избирачкиот одбор, со упатување на „недостиг на акредитација“.

    ЗНМ апелира до ДИК и МВР итно да ги известат сите избирачки одбори и службени лица дека не е потребна акредитација од ДИК за новинарите, со цел да се избегнат нови недоразбирања во текот на денот. Ќе продолжиме да ги следиме случаите, да реагираме институционално и да информираме за исходите.

    Укажуваме дека за новинарите и медиумските работници во Македонија, освен новинарска легитимација од медиумот за кој новинарите известуваат, не е потребна посебна акредитација од ДИК за присуство и известување на избирачките места. Тие може да се легитимираат и со валидна членска картичка од ЗНМ. Затоа, избирачките одбори, полициски службеници, набљудувачи и / или други чинители немаат основ да ја условуваат нивната работа со дополнителни дозволи. Истовремено, ЗНМ повикува на почитување на изборниот ред: новинарите имаат право да снимаат општ амбиент и изјави, без нарушување на тајноста на гласањето и без оневозможување на текот на постапката.

    Ги повикуваме избирачките одбори од сите изборни места:

    • да овозможат непречен влез на новинарските екипи со видлива новинарска легитимација;
    • да дозволат снимање и изјави во просторот каде што тоа не се загрозува тајноста на гласањето;
    • при недоразбирања, прво да побараат насоки од ОИК/ДИК, наместо да го ограничат пристапот.

    Ги охрабруваме и новинарите, фоторепортерите и снимателите:

    • секогаш да ја носат новинарската легитимација и да се претстават доколку тоа е побарано;
    • да ги почитуваат насоките на одборот, кога истите се однесуваат на тајноста на гласањето;
    • при какво било попречување, веднаш да го евидентираат случајот (време, место, избирачко место, лица) и да се обратат до ЗНМ.

    За правна и практична помош, новинарите, снимателите и фоторепортерите можат да се обратат до регионалните координатори на ЗНМ во Штип, Струмица, Битола, Охрид, Тетово и Куманово, како и до контактите на ЗНМ во Скопје.
    ЗНМ останува на располагање за секоја поддршка која ќе овозможи професионално, безбедно и непречено известување од гласачките места.

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    Мрежата SafeJournalists ја усвои Декларацијата за унапредување на безбедноста на новинарките од Западен Балкан
    октомври 19, 2025

    Следен

    ЗНМ: Осуда за заканите кон новинарот Исмаили
    октомври 30, 2025

    Можеби ќе Ве интересира

    169 (77)
    ЗНМ: ОЈО и Судскиот совет итно да утврдат одговорност за неизвршена одлука за заштита на новинарка
    7 август, 2026
    169 (77)
    ЗНМ го осудува попречувањето на работата на снимателот на ТВ Тера и бара итно постапување од МВР и ОЈО
    4 август, 2026
    169 (77)
    ЗНМ го осудува нападот врз новинарската екипа на ТВ Глоби и бара итна истрага од МВР
    21 јули, 2026

    Пребарувај

    Категории

    • In Memoriam
    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?