ЈАВЕН ПОВИК за доставување понуди за изработка на програма за дводневна обука на новинари на тема „Справување со загадувањето на воздухот во РС Македонија“

ЈАВЕН ПОВИК
За доставување понуди за изработка на програма за дводневна обука на новинари на тема
„Справување со загадувањето на воздухот во РС Македонија“
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во рамките на проектот „Справување со загадувањето на воздухот”[1] предвидува одржување на дводневни обуки за новинари на тема „Справување со загадувањето на воздухот – јакнење на јавната свест за проблемите и можните решенија“.
За таа цел се распишува и овој јавен повик за доставување на понуди за изработка на програма за дводневна обука за новинари што треба да придонесе кон подобрување на знаењата и вештините на локалните новинари да известуваат за теми поврзани со загадувањето на воздухот и влијанието и предизвиците во реалниот живот со кои се соочуваат погодените заедници, а со тоа да придонесат за поголема јавна свест за изворите, влијанијата и потенцијалните решенија против загадувањето на воздухот што треба да ги преземат надлежните власти и граѓаните.
Повеќе информации за техничките услови видете тука.
Информации за повикот
Постапка: Отворен / јавен повик
Тип на договор: Договор за набавка на услуги
Потребни документи
- Биографија
- Изјава (Анекс 2),
- Финансиска понуда (Анекс 3)
- Предлог за програма
- Доказ за резидентност согласно домашната легислатива (копија од пасош)
Начин и рок на аплицирање
Заинтересираните треба да ја достават својата апликација (биографија, доказ за резидентност, предлог за програма и пополнети Анекс 2 и Анекс 3) преку електронска пошта на следниве адреси contact@znm.org.mk со назнака „Апликација по повик УНДП/2023/00122883-ЗНМ – 002 “.
Крајниот рок за доставување на апликации е 08.10.2023 (недела) до 24ч, ЦЕВ.
[1] Проектот „Справување со загадувањето на воздухот“ е дел од Програмската рамка на Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП), финансирана од Шведска. Проектот го имплементира УНДП во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и општините Кавадарци, Куманово, Гостивар, Струга и Струмица.
Во рамки на програмата исто така се спроведува и проектот „Градење на општинските капацитети за имплементација на проекти“.