• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2026
      • Прес клипинг 2025
      • Прес клипинг 2024
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
    • In Memoriam
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Кошничка
Плати онлајн
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2026
        • Прес клипинг 2025
        • Прес клипинг 2024
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
      • In Memoriam
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • ЈАВЕН ПОВИК за доставување пријави за учество на новинари во дводневна обука на тема „Справување  со загадувањето на воздухот во РС Македонија“

    ЈАВЕН ПОВИК за доставување пријави за учество на новинари во дводневна обука на тема „Справување  со загадувањето на воздухот во РС Македонија“

    • Категории Активности
    • Датум ноември 8, 2023

    Референтен број: УНДП/2023/00122883-ЗНМ – 004 Наслов на проектот: „Справување со загадувањето на воздухот“ (Scaling up actions to tackle air pollution) Лот: Дводневна обука за градење капацитети (Two-day capacity building events)

    Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во рамките на проектот „Справување со загадувањето на воздухот”[1] предвидува одржување на дводневни обуки за новинари на тема „Справување со загадувањето на воздухот – јакнење на јавната свест за проблемите и можните решенија“.

    За таа цел се распишува и овој јавен повик за доставување пријави на новинари за учество на дводневна обука што треба да придонесе кон подобрување на знаењата и вештините на локалните новинари да известуваат за теми поврзани со загадувањето на воздухот и влијанието и предизвиците во реалниот живот со кои се соочуваат погодените заедници, а со тоа да придонесат за поголема јавна свест за изворите, влијанијата и потенцијалните решенија против загадувањето на воздухот што треба да ги преземат надлежните власти и граѓаните. 

    Обуката, на која е предвидено учество на 15-18 новинари од локалните медиуми надвор од главниот град, ќе се одржи од 23-25 ноември 2023, во Штип.

    Во текот на обуката учесниците ќе имаат можност да ги подобрат своите знаења и вештини за темиповрзани со загадување на воздухот и улогата на новинарите во борбата за почист воздух (клучни термини и разбирање на процесот на анализа на загадување на воздухот, влијание на загаденоста на воздухот врз здравјето на луѓето и животната средина и улогата на новинарите во подигнување на јавната свест, новинарство засновано на анализа на податоци за загадување на воздухот,  потребата од соработка со граѓанските организации и локалната власт, техники на истражувачко новинарство при известување за загадувањето на воздухот, како и важноста на мултимедијалниот пристап при раскажување приказни за загадувањето на воздухот).

    Обуката ќе ја реализираат искусни новинари со долгогодишно искуство во следење и покривање теми од областа на животната средина, и стручни лица од тимот на Универзитетот Гоце Делчев од Штип, каде што е сместена акредитираната лабораторија за мерење на квалитетот на воздухот.

    Сите трошоци за учесниците (транспорт, сместување и храна) ќе бидат покриени од страна на организаторот.

    Начин и рок на аплицирање

    Заинтересираните треба да ја достават својата апликација (кратка биографија и писмо за мотивација за учество, не подолго од 500 карактер) преку електронска пошта на следниве адреси contact@znm.org.mk со назнака „Апликација по повик УНДП/2023/00122883-ЗНМ – 004  “. Лице за контакт за дополнителни информации: Елизабета Стојановиќ – 02/3298-139 Крајниот рок за доставување на апликации е 19.11.2023 (недела) до 24ч, ЦЕВ.

    [1] Проектот „Справување со загадувањето на воздухот“ е дел од Програмската рамка на Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП), финансирана од Шведска. Проектот го имплементира УНДП во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и општините Кавадарци, Куманово, Гостивар, Струга и Струмица. Во рамки на програмата исто така се спроведува и проектот „Градење на општинските капацитети за имплементација на проекти“.


    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    ЗНМ со ургенција до МВР во врска со нарушување на безбедноста на колегата Невриј Адеми
    ноември 8, 2023

    Следен

    ЈАВЕН ПОВИК за доставување понуди за двајца обучувачи според програма за дводневна обука на новинари на тема„Справување со загадувањето на воздухот во РС Македонија“
    ноември 8, 2023

    Можеби ќе Ве интересира

    2
    ЗНМ и АВМУ разговараа за актуелните состојби на медиумскиот пазар и транспарентноста на сопственоста
    8 октомври, 2026
    169 (86)
    Повик за учество на еднодневна обука на тема: „Етичко известување за процесот на ЕУ интеграции “
    7 октомври, 2026
    169 (85)
    ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКА ЗА НОВИ ТЕХНОЛОГИИ И ДИГИТАЛНА БЕЗБЕДНОСТ
    5 октомври, 2026

    Пребарувај

    Категории

    • In Memoriam
    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?