• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2026
      • Прес клипинг 2025
      • Прес клипинг 2024
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
    • In Memoriam
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Кошничка
Плати онлајн
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2026
        • Прес клипинг 2025
        • Прес клипинг 2024
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
      • In Memoriam
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • Јавен повик за доставување пријави за учество на новинари и медиумски работници во дводневна обука на тема: „Унапредување на еколошката правда во РС Македонија – јакнење на јавната свест за проблемите и можните решенија“

    Јавен повик за доставување пријави за учество на новинари и медиумски работници во дводневна обука на тема: „Унапредување на еколошката правда во РС Македонија – јакнење на јавната свест за проблемите и можните решенија“

    • Категории Активности
    • Датум октомври 9, 2024

    Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во рамките на проектот „Унапредување на еколошката правда во РС Македонија” предвидува одржување на дводневни обуки за новинари на тема „Унапредување на еколошката правда – јакнење на јавната свест за проблемите и можните решенија“.

    За таа цел се распишува и овој јавен повик за доставување пријави на новинари за учество на дводневна обука што треба да придонесе кон подобрување на знаењата и вештините на новинарите да покриваат и да известуваат за теми поврзани со еколошката правда, преку техники на истражувачко новинарство и со почитување на стандардите за етичко известување, а со тоа да придонесат за зголемување на учеството на јавноста, пристапот до информации, пристап до правда и законското зајакнување за прашања од областа на животната средина.

    Обуката, на која е предвидено учество на 12-16 новинари од локалните медиуми и од Скопје, ќе се одржи од 6-8 ноември 2024 година во Велес.

    На учесниците на оваа обука ќе им бидат обезбедени материјали  со што ќе се осигури дека ги имаат потребните ресурси за да продолжат со нивните истражувачки активности и по завршување на работилницата.


    Проектот „Унапредување на еколошката правда во Северна Македонија“ е поддржан од Глобалната програма на УНДП за зајакнување на владеењето на правото, човековите права, правдата и безбедноста за одржлив мир и развој.

    Општата цел на проектот е да изгради силен наратив и застапување за потребата од заштита и исполнување на правото на чиста и здрава животна средина, за справување со еколошкиот криминал во Северна Македонија во општеството како целина, и трансформативен пристап кој овозможува силен граѓански ангажман и пристап до правда.

    Обуката ќе ја реализираат стручни лица со долгогодишно искуство во следење и покривање теми од областа на животната средина и прашања поврзани со обезбедување еколошка правда..

    Сите трошоци за учесниците (транспорт, сместување и храна) ќе бидат покриени од страна на организаторот.

    Можност за финансиска поддршка за изработка на новинарски продукти

    Учесниците на обуката ќе имаат можност да се бидат дел од тимовите од три до четири новинари кои со менторска поддршка ќе работат на новинарски продукти на теми поврзани со еколошката правда, потребата од заштита и исполнување на правото на чиста и здрава животна средина, за справување со еколошкиот криминал во Северна Македонија во општеството како целина, и трансформативен пристап кој овозможува силен граѓански ангажман и пристап до правда.

    За таа цел проектот предвидува фонд за изработка на 4 новинарски продукти.

    Начин и рок на аплицирање

    Заинтересираните треба да ја достават својата апликација (кратка биографија и писмо за мотивација за учество, не подолго од 500 карактер) преку електронска пошта на следнава адреса contact@znm.org.mk со назнака „Апликација по повик УНДП/2024/01001156/03 -ЗНМ – 001-2024“. 

    Лице за контакт за дополнителни информации: Елизабета Стојановиќ – 02/3298-139 / contact@znm.org.mk

    Крајниот рок за доставување на апликации е 27.10.2024 (недела) до 24ч, ЦЕВ.

    Референтен број: УНДП/2024/01001156/03 -ЗНМ – 001-2024 

    Наслов на проектот: „Унапредување на еколошката правда во Северна Македонија“ (Advancing Environmental Justice in North Macedonia)

    Лот: Дводневна обука за градење капацитети (Two-day capacity building events)

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    ЈАВЕН ПОВИК ЗА НОВИНАРСКИ НАГРАДИ ЗА ОБЈАВЕН ТЕКСТ/ВИДЕО СТОРИЈА НА ТЕМА „СПРАВУВАЊЕ  СО ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОЗДУХОТ ВО РС МАКЕДОНИЈА“
    октомври 9, 2024

    Следен

    Двонасочна комуникација како клуч за успешна соработка меѓу општината и медиумите во Тетово
    октомври 14, 2024

    Можеби ќе Ве интересира

    16_9 (7)
    ЗНМ: Времето не смее да ја замени правдата за нападите врз новинарите
    2 ноември, 2026
    shared image (53)
    Претставници на Здружението на новинари на Турција од Анкара во посета на ЗНМ
    30 октомври, 2026
    16_9 (5)
    Тренинг – академија за новинари и медиумски работници – од иницијатива до реализација 
    29 октомври, 2026

    Пребарувај

    Категории

    • In Memoriam
    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?