ЈАВЕН ПОВИК за доставување понуди за изработка на дигитална платформа

Референтен број: УНДП/2023/01000783-ЗНМ – 001
Наслов на проектот: „Зајакнување на капацитетите на локалните заедници за справување со дезинформации и родово-базирани дезинформации“
Лот: Изработка на дигитална платформа (Digital platform development)
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во рамките на проектот „Зајакнување на капацитетите на локалните заедници за справување со дезинформации и родово-базирани дезинформации“[1] предвидуваповеќе активности коишто ќе придонесатво борбата со лажни или неточни информации, кои погрешно ги претставуваат и разбираат фактите (misinformation), и со дезинформациите, односно намерно лажните информации кои се наменети за заблуда и намерно наведуваат грешни факти (disinformation), меѓу кои и изработка на платформа насловена „Дигитална платформа за вести од нашите помали градови“ со да придонесе кон подобрување на квалитетот на медиумските содржини од интерес и во фокус на локалните задници во помалите градови во земјата.
За таа цел се распишува и овој јавен повик за доставување на понуди за изработка на дигитална платформа што треба да придонесе кон обезбедување точни и проверени вести од интерес и во фокус на локалните задници во помалите градови во земјата и разоткривање на лажните вести и вестите кои што предизвикуваат и поттикнуваат поделби, особено оние насочени кон жените.
Повеќе информации за техничките услови видете тука.
Информации за повикот
Постапка: Отворен / јавен повик
Тип на договор: Договор за набавка на услуги
Потребни документи
- Портфолио за професионално искуство, со детали и референци за завршени најмалку 3 слични проекти
- Професионални биографии на тим лидеритеза изработка на платформата, согласно барањата наведени во документот „Технички услови“
- Изјава (Анекс 2)
- Финансиска понуда (Анекс 3) со детален временски план за спроведување на сите активности,
- Понуда за техничко одржување по истекот на периодот од 12 месеци предвиден во документот „Технички услови“,
- Понуда за надградба со цена на чинење по час за евентуални потреби кои не се предвидени во барањето
- Тековна состојба од ЦРМ (не постара од 6 месеци)
Начин и рок на аплицирање
Заинтересираните треба да ја достават својата апликација (портфолио, тековна состојба, и пополнети Анекс 2 и Анекс 3 преку електронска пошта на следниве адреси contact@znm.org.mk со назнака „Апликација по повик УНДП/2023/01000783-ЗНМ – 001“. Крајниот рок за доставување на понуди е 29.10.2023 (недела) до 24ч, ЦЕВ.
[1] Miss the misinformation (Strengthening the capacities of local communities to respond to misinformation and gendered disinformation)”