Јавен повик за доставување понуди за изработка на програми за обуки на новинари во рамки на Тренинг-Академијата за новинари и медиумски работници Т-АЈМ

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во соработка со Иницијативата за Европски перспективи (ИЕП) и Европската федерација на новинари (ЕФЈ) во рамките на проектот „Тренинг-Академијата за новинари и медиумски работници Т-АЈМ“ поддржан од Европската Унија, предвидува одржување четири циклуси обуки за новинари и медиумски работници според претходно подготвени програми и модули прилагодени за еднодневни и/или повеќедневни тренинг настани.
За таа цел се распишува и овој јавен повик за доставување на понуди за изработка на програми / модули за теми согласно барањата наведени во техничките услови.
Повеќе информации за техничките услови видете тука.
Информации за повикот
Постапка: Отворен / јавен повик
Тип на договор: Договор за набавка на услуги
Повикот е отворен за физички лица (самостојно или конзорциум / тим од двајца до тројца надворешни соработници /експерти) и за правни лица.
Потребни документи
- Професионална биографија , со најмалку три референци
- Изјава (Анекс 2),
- Финансиска понуда (Анекс 3)
- Предлог за програма (за избрана тема, или теми)
- Доказ за резидентност согласно домашната легислатива (за физички лица копија од пасош)
- Тековна состојба од Централен регистар (ЦРМ), не постара од 6 месеци (за правни лица)
Начин и рок на аплицирање
Заинтересираните треба да ја достават својата апликација (професионална биографија, доказ за резидентност за физичко лице, или тековна состојба од ЦРМ за правно лице, предлог за програма и пополнети Анекс 2 и Анекс 3) преку електронска пошта на следнава адреса contact@znm.org.mk со назнака „Апликација по повик IPA/2022/441-824-AJM – 004“.
Крајниот рок за доставување на апликации е 18.06.2024 (вторник) до 24ч, ЦЕВ
Референтен број: IPA/2022/441-824-AJM – 004. Наслов на проектот: „Тренинг-Академијата за новинари и медиумски работници Т-АЈМ“.Лот: 6.2 – Изработка на програми / модули за обуки (Development of training curricula ( A1.4))
