• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • ЈАВЕН ПОВИК за доделување на награда за професионално известување за состојбата на бегалците и лицата без државјанство во РСМ за 2020 година

    ЈАВЕН ПОВИК за доделување на награда за професионално известување за состојбата на бегалците и лицата без државјанство во РСМ за 2020 година

    • Категории Активности
    • Датум јуни 21, 2021

    На 20ти јуни – Светскиот ден на бегалците, Македонското здружение на млади правници (МЗМП)  во соработка со Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ)  и Канцеларијата на Високиот комесар за бегалци при Обединетите нации во Северна Македонија – УНХЦР распишува “Јавен повик за доделување на награда за професионално известување за состојбата на бегалците и лицата без државјанство во Република Северна Македонија за 2020 година”.

    Поднесоците треба да припаѓаат во следниве категории:

    • Напис или серија написи
    • Фотографија
    • Мултимедијален производ

    Прилозите треба да се фокусираат на искуството на бегалците,  барателите на азил, потенцијалните баратели на азил и лицата без државјанство, како и да имаат придонесено кон запознавање и подигнување на свеста на широката јавност на теми поврзани со нив.

    Сите доставени поднесоци ќе бидат оценувани врз основа на следните критериуми:

    • Претставува авторско новинарско остварување објавено во медиум во текот на 2020 година (од 01.01.2020 година до 31.12.2020 година)
    • Содржи автентични приказни за искуството на бегалците, барателите на азил и лицата без државјанство
    • Покажува чувствителност и почит кон бегалците, барателите на азил и лицата без државјанство
    • Избегнува сензационализам и стереотипизација
    • Кандидатите се државјани на Република Северна Македонија

    Поднесените прилози и фотографии ќе бидат оценувани од страна на Комисија составена од истакнати новинари, фоторепортери и медиумски експерти од Здружението на новинарите на Република Северна Македонија, членови на Македонското здружение на млади правници и претставници oд Претставништвото на УНХЦР во Северна Македонија. Комисијата ќе го оценува секој поднесок поединечно фокусирајќи се на тоа како е прикажана приказната на бегалците и дали содржи карактеристики на професионално известување.

    Важно :

    • Може да се конкурира со максимум 3 прилога/написи/фотографии/мултимедијален производ;
    • На конкурсот не може да конкурираат новинари со стории за кои имаат добиено грантови од страна на МЗМП во партнерство со УНХЦР;
    • Пишаните написи да бидат испратени во верзија PDF, со датум на објавување;
    • Мултимедијалните производи да бидат испратен преку WeTransfer, со назначен датум на објавување;
    • Фотографиите да бидат во JPG формат, најмалку 2000 пиксели на подолгата страна и резолуција 300 dpi. За нив да се наведе во кој медиум и кога се објавени.
    • Сите поднесоци да се испратат по електронска пошта, на contact@myla.org.mk, и во насловот да биде назначено името на јавниот повик; или да се испратат преку пошта/достават до канцеларијата на Македонското здружение на млади правници на ул.Донбас 14/1-6, 1000, Скопје во затворен плик, а на пликот да биде назначено името на јавниот повик;
    • Повеќе информации во врска со јавниот повик и начинот на поднесување на прилозите може да се добијат од Олгица Танчева на тел. 071/395-399 или на адресата otanceva@myla.org.mk

    Рокот за аплицирање е 10.07.2021 година.

    Изборот на стручната комисија ќе биде објавен најдоцна до 30.07.2021 година.

     Повикот е достапен на албански и англиски на следните линкови:

     THIRRJE PUBLIKE për gazetarë Dita e Refugjatëve 2021

     PUBLIC CALL for Journalists- Refugee Day 2021

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    ЗНМ: Позитивно е што МВР постапи, чекаме и судска разрешница за заканите кон новинарите
    јуни 21, 2021

    Следен

    ОДГОВОР НА ПРЕТСТАВКА ЗА КОМАРЕЦ – КОЧАНИ
    јуни 22, 2021

    Можеби ќе Ве интересира

    znm ssnm press
    ЗНМ и ССНМ: Со скратен буџет МИА не може да функционира соодветно
    27 декември, 2022
    321074802_459347589534712_4882222283147715049_n
    Избран претседател на Советот на чест при ЗНМ
    23 декември, 2022
    ZNM AVMU
    ЗНМ со барања од АВМУ за олеснување на работата на локалните медиуми и зајакнување на дописничката мрежа
    22 декември, 2022

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?