• Почетна
  • За нас
    • За ЗНМ
    • Документи
      • Статут
      • Правилници
      • Извештаи
      • Стратешки план на ЗНМ
    • Историјат
    • Прес клипинг
      • Прес клипинг 2023
      • Прес клипинг 2022
    • Галерија
    • Видеа
  • Публикации
  • Кодекс
  • Совет на чест
    • За советот на чест
    • Соопштенија од советот на честа
  • Проекти
    • Тековни проекти
    • Изминати проекти
  • Соопштенија
  • Активности
  • Контакт
  • македонски јазик
    • English
    • Shqip
Контакт информации?
00389 (02) 3298-139
contact@znm.org.mk
Зачлени се!
Здружение на новинари на Македонија
    • Почетна
    • За нас
      • За ЗНМ
      • Документи
        • Статут
        • Правилници
        • Извештаи
        • Стратешки план на ЗНМ
      • Историјат
      • Прес клипинг
        • Прес клипинг 2023
        • Прес клипинг 2022
      • Галерија
      • Видеа
    • Публикации
    • Кодекс
    • Совет на чест
      • За советот на чест
      • Соопштенија од советот на честа
    • Проекти
      • Тековни проекти
      • Изминати проекти
    • Соопштенија
    • Активности
    • Контакт
    • македонски јазик
      • English
      • Shqip

    Активности

    • Почетна
    • Новости
    • Активности
    • ЈАВЕН ПОВИК за доделување на награда за новинарски текст/видео на тема справување со загадувањето на воздухот во Република Северна Македонија

    ЈАВЕН ПОВИК за доделување на награда за новинарски текст/видео на тема справување со загадувањето на воздухот во Република Северна Македонија

    • Категории Активности
    • Датум ноември 1, 2021

    Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) распишува Јавен повик на тема: „Справување со загадувањето на воздухот – јакнење на јавната свест за проблемите и можните решенија“- како да се подигне свеста за постоечкиот проблем и најдобрите начини за негово решавање.

    Критериуми:

    • Текстот или видеото да биде автентично авторско дело кое преку запазување на највисоките етички стандарди во новинарската професија ќе ја подигне  свеста на граѓаните за теми поврзани со квалитетот на воздухот и загадувањето на воздухот, но и ќе се обиде да понуди можни решенија поврзани со оваа проблематика
    • Медиумскиот продукт да биде во форма на текст или видео на македонски јазик или јазик на етничките заедници
    • Медиумскиот продукт да биде објавен на медиум регистриран во државата, традиционален или онлајн во период од јануари 2020 година до септември 2021 година
    • Апликацијата да има најмногу два текста или прилози од истиот автор/автори. Исклучок е можен доколку станува збор за текст или прилог во низа.

    Како да се аплицира:

    Објавениот материјал треба да се достави до ЗНМ најдоцна до 26 ноември (петок) 2021 година и тоа:

    По електронска пошта на: contact@znm.org.mk, лице за контакт: Елизабета Стoјановиќ 02/3298-139

    По препорачана пошта, адресирани на: Здружение на новинарите на Македонија, Градски Ѕид, блок 13, 1000 Скопје, РСМ

    Пријавите треба да бидат означени: „За НАГРАДА“ во предметот (subject) на електронската порака или напишано на ковертот.

    За секоја пристигната пријава ќе биде пратена потврда за прием на истата.

    Висина на парични награди (во денарска против вредност):

    Прва награда: 70.000 денари

    Втора награда: 50.000 денари

    Трета награда: 30.000 денари

    Преку јавниот повик се очекува да се пријават новинари/автори кои имаат објавено новинарски текстови, видео стории или истражувања на оваа тема, кои што ќе можат да придонесат кон ставање поголем фокус на загадувањето, подобро препознавање  на изворите на загадување, но и за тоа какви напори досега се направени или се прават од страна на разни чинители за намалување на загадувањето на воздухот.

    За проектот:

    Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП), во партнерство со Град Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), го спроведува проектот „Справување со загадувањето на воздухот во градот Скопје“. Проектот е финансиски поддржан од Шведската агенција за меѓународна соработка и развој – СИДА.

    Проектот има четири главни компоненти:

    Компонента 1: Развивање сеопфатен систем за мониторинг за пилот – областа и платформа за координација за справување со загадувањето на воздухот;

    Компонента 2: Спроведување на регулаторни промени неопходни за транзиции кон енергетски систем за домаќинства со помала емисија;

    Компонента 3: Демонстрација на мерки што се однесуваат на причините на загадувањето за греење на домаќинствата;

    Компонента 4: Зајакнување на јавна свест.

    Проектот има за цел да ја зајакне координацијата меѓу сите одговорни страни  со цел да се надмине проблемот за загадување на воздухот. Претходно спроведените студии од страна на УНДП и други субјекти покажаа дека има недостаток на релевантни информации кај јавноста за изворите и ефектите од загадувањето на воздухот, како и недоволното познавање на ефикасни начини и средства за справување со проблемот. Покрај сите страни вклучени во оваа проблематика, медиумите, исто така, имаат клучна улога во правилно прикажување на фактите, споделување добри, но и лоши практики, подигнување на свеста и придонес за зголемување на знаењето во изнаоѓање решенија за справување со загадувањето на воздухот.

    • Share:
    author avatar
    Здружение на новинари на Македонија

    Претходен

    ЗНМ: Безбедноста на новинарите ќе се зајакне со измени во Кривичниот законик
    ноември 1, 2021

    Следен

    SafeJournalists: Култура на неказнивост за нападите кон новинарите во Западен Балкан
    ноември 2, 2021

    Можеби ќе Ве интересира

    naslovna (3)
    ЗНМ и МВР со протокол за безбедност на новинарите на интернет
    22 март, 2023
    slika incident stip
    Пријава до МВР за попречување во работа на снимател од М Нет ТВ во Штип
    17 март, 2023
    333431799_211449381490161_4674541961277658950_n
    Новинарите и обвинителите дискутираа за можните начини за заштита на слободата на изразување
    16 март, 2023

    Пребарувај

    Категории

    • Активности
    • Совет на честа
    • Соопштенија
    logo-eduma-the-best-lms-wordpress-theme

    00389 (02) 3298-139

    contact@znm.org.mk

    Градски ѕид, блок 13 1000 Скопје

    Документи

    • Статут
    • Правилници
    • Анализи и публикации
    • Стратешки план

    ЗНМ

    • За нас
    • Историјат
    • Галерија
    • Контакт

    Линкови

    • Активности
    • Соопштенија
    • Членство
    • Приватност и колачиња

    © 2020 Сите права задржани - ЗНМ Скопје. Развиено од SVNA Design

    [miniorange_social_login shape="longbuttonwithtext" theme="default" space="4" width="240" height="40"]

    Login with your site account

    Lost your password?