Јавен повик за ангажирање на надворешни соработници за изработка на Етички кодекс за новинарите и медиумите во РС Македонија

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во соработка со Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) во рамките на проектот „Јакнење на новинарските стандарди – дигитални напредоци и влијание врз медиумската средина“ предвидува изработка на нов Етички кодекс за новинарите и медиумите во РС Македонија.
Контекст
Новинарството во Северна Македонија се соочува со бројни предизвици, особено во контекст на брзиот развој на дигиталните медиуми и нивното влијание врз јавниот дискурс. Постои загриженост дека постоечките етички стандарди, кои беа развиени пред повеќе од две децении, веќе не одговараат на тековните потреби и предизвици на новинарите и медиумските организации. Оваа неусогласеност често доведува до проблеми како што се пристрасност, дезинформации и намалување на довербата во медиумите, а се отежнува работата и на медиумските само-регулативни тела.
Со цел да одговори на овие предизвици, проектот предвидува изработка на нов Етички кодекс кој ќе ги замени постоечките стандарди од 2001 година, овозможувајќи подобра усогласеност со современите предизвици и практики.
Цел на повикот:
Целта на овој повик е ангажирање на тим од двајца до тројца надворешни соработници за изработка на новиот Етички кодекс за новинари и објаснувачки дел во кој секој член од кодексот ќе биде илустриран со примери.
Повеќе информации за потребите и техничките услови за овој повик видете тука.
Информации за повикот
Постапка: Отворен повик
Тип на договор: Договор за набавка на услуги
Потребни документи
Начин и рок на аплицирање
Заинтересираните треба да ја достават својата апликација (биографија, и пополнети Анекс1 и Анекс2) преку електронска пошта на следнава адреса contact@znm.org.mk со назнака „Апликација по повик FY24-YT-AJM-001-4 “.
Крајниот рок за доставување на апликации е 05.02.2025 (среда) до 24ч, ЦЕВ.
Референтен број: FY24-YT-AJM-001-4
Наслов на проектот: Јакнење на новинарските стандарди – дигитални напредоци и влијание врз медиумската средина / Bolstering journalism standards – the digital advancements and the impact on the media environment
Лот: 1.7 Изработка на Етички кодекс (Development of the Ethical Code)
