ЈАВЕН ПОВИК за доставување понуди за двајца обучувачи според програма за дводневна обука на новинари на тема„Справување со загадувањето на воздухот во РС Македонија“

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во рамките на проектот „Справување со загадувањето на воздухот”предвидува одржување на дводневни обуки за новинари на тема „Справување со загадувањето на воздухот – јакнење на јавната свест за проблемите и можните решенија“. За таа цел се распишува и овој јавен повик за доставување на понуди за двајца обучувачи според програма за дводневна обука за новинари што треба да придонесе кон подобрување на знаењата и вештините на локалните новинари да известуваат за теми поврзани со загадувањето на воздухот и влијанието и предизвиците во реалниот живот со кои се соочуваат погодените заедници, а со тоа
да придонесат за поголема јавна свест за изворите, влијанијата и потенцијалните решенија против загадувањето на воздухот што треба да ги преземат надлежните власти и граѓаните.
Повеќе информации за техничките услови и програмата видете тука.
Информации за повикот
Постапка: Отворен / јавен повик
Тип на договор: Договор за набавка на услуги
Потребни документи
- Биографија, со референци за претходно искуство
- Изјава (Анекс 2),
- Финансиска понуда (Анекс 3)
- Доказ за резидентност согласно домашната легислатива (копија од пасош)
Начин и рок на аплицирање
Заинтересираните треба да ја достават својата апликација (биографија со референци, доказ за
резидентност и пополнети Анекс 2 и Анекс 3) преку електронска пошта на следниве адреси
contact@znm.org.mk со назнака „Апликација по повик УНДП/2023/00122883-ЗНМ – 003 “.
Крајниот рок за доставување на апликации е 15.11.2023 (среда) до 24ч, ЦЕВ.
Референтен број: УНДП/2023/00122883-ЗНМ – 003
Наслов на проектот: „Справување со загадувањето на воздухот“ (Scaling up actions to tackle air pollution)
Лот: Обучувачи по програма за градење капацитети (Capacity building trainers)