Членките на SafeJournalists мрежата учествуваа на практична работилница на тема: ,,Мапирање на засегнатите страни”

Изминативе три дена претставници од здруженијата и организациите од Западен Балкан кои се членки на SafeJournalists мрежата учествуваа на практична работилница за мапирање на засегнати страни која се одржа во Скопје. Беа опфатени важни теми и беа споделени искуства и практични примери во насока на јакнење на капацитетите како индивидуално на секоја организација засебно, така и како регионална мрежа.

Посебен фокус беше ставен на темите кои се тесно поврзани со детектирањето и пристапот кон сите засегнати страни како и стратешкото планирање и унапредување на ефективната комуникација.
Целта е стекнатото знаење да помогне во градењето на капацитетите на мрежата и нејзините членки за да има можност да се влијае на подобрување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите преку современите начини на лобирање и застапување.

Оваа обука послужи за градење на капацитетите за организациите членки на SafeJournalists мрежата на полето на ефективно мапирање како и застапување и лобирање за правата и слободите на новинарите.
Обуката беше организирана во рамките на проектот: „Регионална платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите“кој е поддржан од Европската Унија и се спроведува во земјите од Западен Балкан.
